Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Основците од Крива Паланка во посета на Општината и градоначалникот Митовски

Ученици од основното општинско училиште „Илинден“ – Крива Паланка денеска остварија посета…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ученици од основното општинско училиште „Илинден“ – Крива Паланка денеска остварија посета на Општината, како дел од наставните активности за запознавање со работата на локалната самоуправа. Како функционира една општина, кои се надлежностите на градоначалникот и што се случува зад вратите на општинската администрација, беа само дел од прашањата што учениците му ги поставија на градоначалникот Сашко Митовски, во непосреден разговор со него.

– Учениците имаа можност одблизу да дознаат како се носат одлуките, кои се секојдневните обврски и предизвици на локалната власт и како таа одговара на потребите на граѓаните. Со искрена љубопитност и низа интересни прашања, малите посетители го поттикнаа разговорот и за одговорноста што ја носи функцијата градоначалник, но и за тоа што е потребно за да се стане „прв човек“ на една општина – информира службата за комуникација со јавноста.

Митовски рече дека нивната главна мотивација е да создадат подобри услови за младите. 

Реклама

– Затоа ја градиме Крива Паланка како дом, најубаво место за живеење на сите генерации – истакна Митовски.

Од Општината нагласија дека учениците изразиле задоволство од можноста да ги посетат административните простории во Општината и директно да се запознаат со дел од општинската администрација, нивните активности и надлежности.

– Средбата беше можност децата преку непосредно искуство да ја запознаат работата на институциите, но и да разберат дека интересот, прашањата и активното учество на младите се важен дел од животот на секоја заедница – додаваат од Општината.

Локалната самоуправа на Општина Крива Паланка вчера ја посетија учениците од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“.