Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Петрушевски: Мафијашките притисоци и уцени на Заев и Филипче ги користеле државата и институциите за приватни цели

Сведоштвата на д-р Жан Митрев ја разоткрија вистината за начинот на кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сведоштвата на д-р Жан Митрев ја разоткрија вистината за начинот на кој Заев и Филипче ја водеа државата. Притисоци, уцени и злоупотреба на институциите за лични интереси.

Во ек на пандемија и вонредна состојба, наместо грижа за здравјето на граѓаните, Филипче и Заев ја користеле политичката моќ за преземање на приватната болница „Жан Митрев“. Ова не е политика наменета за граѓаните, туку е мафијашки модел на дејствување, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, според јавно изнесените сведоштва, Заев и Филипче сакале сами да ја одредат вредноста на болницата. За возврат нуделе „помош“ во судска постапка на докторот Жан Митрев. Класична уцена и класична злоупотреба на власта.

Реклама

Овие обвинувања не доаѓаат изолирано. Тие се надоврзуваат на долгата низа сомнежи и афери поврзани со Заев и Филипче, златни визи, имот и бизниси во Дубаи, фирми во странство и сомнителни финансиски трансакции.

Филипче денес се обидува да се претстави како ново лице, но седи во фотелјата на Заев и ги спроведува истите политики. Истите луѓе, истите шеми, истата злоупотреба.

Прашањето е едноставно, а Филипче треба да го одговори. Дали човек со ваков багаж на сомнежи и скандали може да има кредибилитет да води партија?

Наместо повлекување и одговорност, гледаме ароганција и молк. Затоа правдата мора да зборува.

Го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да постапи и да ги истражи сите наводи. Законот мора да важи за сите.