Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Петрушевски: ЈО да отвори постапка за криминалниот круг Филипче – Заев – Зобек мининг

Фрапирани сме од молкот во СДСМ и кај Венко Филипче, за неговата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фрапирани сме од молкот во СДСМ и кај Венко Филипче, за неговата фирма во Бугарија, џипот купен од фирма која на тендер носела јаглен во ЕСМ и фирмите на Заеви кои инкасирале 9 милиони од истиот тендер, а се поврзано со улицата Гоце Делчев бр. 12 во Петрич, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Петрушевски потенцира дека Венко Филипче сега кога е претседател на СДСМ е сè уште и управител на бугарска фирма.

„Истата таа бугарска фирма на Филипче дели канцеларија со фирмата на Заев која наплатила 9 милиони евра за ископ на јаглен во Грција од фирмата која го продавала на ЕСМ.

Реклама

Фирмата која го продавала јагленот на ЕСМ е фирмата која му го купи луксузниот џип ауди Q8 на Венко Филипче. Овој криминален круг, Заев, Филипче, Зобек мининг мора да биде растурен.

Очекуваме ЈО да отвори постапка. Премногу очигледни и на тацна се сите давања и земања, и многу лесно се гледа политичкото влијание. А наградата, џипот за Филипче е крунски доказ, од каде почнува се“, додаде во изјавата.

ЈО да не молчи. Постапка веднаш. Во спротива ќе се испостави дека се само заштитници на криминалците од СДСМ, рече Петрушевски.