Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

🎥 Петрушевски: Главниот обвинител Коцевски избра да биде штитот на СДСМ, а тие го бранат по секоја цена за да не одговараат

Прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски: „Главниот обвинител Коцевски избра да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски:

„Главниот обвинител Коцевски избра да биде штитот на СДСМ, а тие го бранат по секоја цена за да не одговараат за бројните криминали, на кои бевме сведоци изминатите 7 години.

Иако Коцевски нема легитимитет, со под 2% доверба кај граѓаните, со интерпелација во Собранието и барање од народот преку пратениците тој да си оди, тој тоа не го прави.

Реклама

Главниот обвинител Љупчо Коцевски нема ниту грам доблест, за сам да си даде оставка од позицијата. Тој избра да биде штит на СДСМ и со сите сили да се држи за таа сламка за спас.

Столбот на криминалот на СДСМ е во обвинителството, таму е последниот бастион кој ги спасува од одговорност десетици поранешни државни функционери, кои ја ограбуваа државата со години.

СДСМ се свесни дека ако Коцевски си замине, никој друг нема да премолчува и да ги држи во фиока предметите за нив. Токму затоа ризикуваа и јавно да се разголат и да застанат зад него, а со тоа застанаа во јавна одбрана на своите криминали.

СДСМ се разголени, и јасно се гледа дека ништо друго не им е важно, освен да се спасат од кривична одговорност.

Од друга страна главниот обвинител Коцевски е целосно делигитимиран, и нема ниту грам интегритет за функцијата.“