Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Петрушевски: Филипче прво да ја стави СДСМ на нозе, да престане да му слугува на Заев и да лаже, ВМРО-ДПМНЕ не е против ЕУ, туку е против лоши договори и неефикасни политики

Венко Флипче секој ден повторува како неговиот став и на неговата СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Флипче секој ден повторува како неговиот став и на неговата СДСМ е членство во ЕУ, за ова зборуваше и викендов во рамки на дебатата во Собранието, но тој како да не сфаќа или не сака да сфати дека слугувајќи му на Зоран Заев не може во ЕУ, истакна на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Брисел не бара и не сака само реторика дека некој ја сака Европската унија, туку бара конкретни дела.

А Филипче и раководството на СДСМ кое е само марионета на Заев знаат само да зборуваат дека ќе ја напуштат работата на Собранието во дебата за законски измени за укинување на техничката влада, се противат на законски измени за пратениците да имаат само македонско државјанство и слично.

Реклама

Ваква реторика Брисел не сака. Брисел бара дела, бара работа на европски стандарди, а како може тоа да се очекува кога единственото нешто што Филипче го знае е да ги тера старите политики на Заев, меѓу кои се и националните предавствата.

Филипче треба го гледа сопствениот двор и да ја постави СДСМ на свои нозе. Не може човек кој ја води својата партија кон пропаст да се грижи за државата. Во меѓувреме, Филипче  да сопре со лагите за ВМРО-ДПМНЕ и интеграцијата во ЕУ. 

Граѓаните сакаат во ЕУ, но сакаат достоинствено, а ВМРО-ДПМНЕ токму тоа го реализира.

ВМРО-ДПМНЕ не само декларативно, туку и суштински ја поддржува и работи на европската интеграција. ВМРО – ДПМНЕ е за достоинствено преговарање, јасни црвени линии и реформи што навистина функционираат, а не само на хартија. ВМРО-ДПМНЕ не е против ЕУ, туку е против лоши договори и неефикасни политики кои се слика и симбол на СДСМ.