Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Петрушевски: 2026 година ќе биде во знак на владеење на правото, правосудството ќе го водат професионалци

„Преку стотина кривични пријави имаат поднесено институциите надлежни за прогон, од коишто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Преку стотина кривични пријави имаат поднесено институциите надлежни за прогон, од коишто над 40 се за висока корупција и за високото профилирани личности. Ние дадовме шанса на овој јавен обвинител којшто е избран од СДСM и ДУИ, ние имавме 16 месеци јавен обвинител којшто не беше избран од владеачкото мнозинство и му дадовме шанса да работи, нема еден граѓанин којшто ќе ви каже дека добро работи јавното обвинителство. Доживотни мандати имаат, уживаат имунитет, се што треба државата им обезбедила, она коешто се бара од нив тоа е да испорачаат неселективна правда“, рече Бране Петрушевски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Петрушевски исто така потенцираше дека во Македонија доаѓа периодот во кој правдата ќе завладее, и дека јавното обвинителство и судството ќе бидат сочинети од компетентни луѓе кои ќе можат да се носат со функциите во правосудниот систем, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Правдата ќе почне да се чувствува во Република Македонија, дел од овие реформски закони коишто допрва ќе стигаат во Собранието, се составен дел на планот за раст на Европската Комисија, коишто ја бараат таа реформа од нас, ќе имаме 12 закони само од овој правосуден сегмент коишто во 2026 година ќе стапат на сила, имаме во завршна фаза комплетно нов Кривичен законик“, рече Петрушевски и додаде:

Реклама

„Заштитен знак во 2026 година ќе биде почеток на носење на правдата во Македонија, затоа што самите закони се така направени да полека го чистат тој талог во јавното обвинителство и во судството, и ќе доаѓаат луѓе на вистински позиции, луѓе коишто пред се компетентни и коишто можат да се носат со функциите во правосудниот систем. Ќе имаме добар период во 2026 за правдата во Република Македонија, тоа граѓаните го бараат, полека ги реформираме и овие најзаостанати сегменти во нашето општество“.