Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Пет вечери храна и македонска музика: Започнува AERO Street Food Festival

Од свежо суши и такоси, преку сочни бургери, гиро, пица, фокача и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од свежо суши и такоси, преку сочни бургери, гиро, пица, фокача и традиционални ќебапи, па сè до палачинки и омилени десерти – богата палета вкусови ќе биде собрана на едно место. Вакво гастрономско доживување носи второто издание на AERO Street Food Festival, кое од 4 до 8 септември ќе се одржува во паркот „Авионче“.

Самото име AERO го отсликува гастрономскиот концепт на фестивалот и обединува четири различни кујни: А – американска, Е – европска, Р – регионална и О – ориентална. Ваквата разновидност носи богато и вкусно мени наменето за сите генерации, а гастрономското доживување ќе биде дополнето со урбана музика, настапи во живо и забавни активности за посетителите.

Учесници годинава се: Burgerslut, Mustacos, Loras Sushi, Fat Kitchen, Jojo’s BBQ, Oljo’s, Noa Gyradiko, Scoop, Bistro 64, Smash Burger, Sorelle, 11: Eleven, „Сутлијаш бар“, „15 за 12“, „Трансилваниско трдло“, Pizza Vice City, „Дестан“, Milkey, Sweet Look и „Жешко компирче“.

Реклама

Идејата е секој посетител да пронајде нешто по свој вкус, да сподели различни порции со друштвото и да открие нови градски вкусови. По завршувањето на летните одмори, фестивалот е одлична можност пријателите повторно да се соберат, да се дружат и да уживаат во пријатна атмосфера што ги поврзува помладите и повозрасните генерации.

За добрата енергија во текот на сите пет вечери ќе се погрижат домашни бендови и диџеи. На сцената ќе настапат South Park, Ringtones, Dopamine, Marbel и Acoustic Division, а за забавата пред и по концертите ќе бидат задолжени Милан Серафимов, Александар Јорданов, „Јанко петел јаваше“, DJ Marko, DJ Vaso, DJ Rizinski, диџеите од Fluere, DJ Guardian, DJ Ficho и Sure Shotz.

Покрај храната и музиката, секоја вечер ќе биде исполнета и со забавни содржини натпревари во брзо јадење, квизови и предизвици со публиката, под водство на Бомбакис.

Влезот на фестивалот е бесплатен и ќе биде отворен секој ден од 17:30 до 00:30 часот. Настанот е спонзориран од Општина Аеродром и е под покровителство на Град Скопје, а зад организацијата стојат Lions in Move и Cafe Mambo.

Пет вечери, 20 различни вкусови и една голема маалска трпеза на отворено. Се гледаме од 4 до 8 септември во паркот „Авионче“ – бидејќи финалето секогаш се игра во Аеродром!