Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Пет лица лишени од слобода за семејно насилство од вкупно осум пријави во последното деноноќие

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно осум пријави за семејно насилство, а пет лица се лишени од слобода.

Во Пробиштип, вчера во 19:45 часот полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода И.А.(46 од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:00 часот физички го нападнал неговиот брат С.А., при што употребил и дрвен предмет.

Синоќа во 23:35 часот ул.„11 Септември“ во Кичево, полициски службеници го лишиле од слобода Ќ.А.(43) од кичевско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 22-годишна поранешна партнерка дека околу 21:42 часот во Кичево физички ја нападнал.

Реклама

Во  СВР Скопје во 23:00 часот, 33-годишна жена пријавила дека во 18:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар во Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 35-годишен сопруг, при што му возвратила. Подоцна, на 24.05.2026 во 01:00 часот, 35-годишниот маж пријавил дека на 23.05.2026 во семејниот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 33-годишна сопруга.

Вчера во 19:44 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена пријавила дека на 17.05.2026 околу 20:00 часот во стан на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје со тврд предмет била нападната од нејзиниот партнер С.М..

Во СВР Тетово синоќа во 21:00 часот, 51-годишник од тетовско село пријавил дека на 20.05.2026 во дворот од семејната куќа, неговиот брат С.Ј. физички го нападнал соствениот син и му се заканувал нему затоа што се обидел да го одбрани детето.

Вчера во 11:45 часот полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Џ.(40) од Битола. Имено, според пријавеното, на 23.05.2026 во 07:40 часот во СВР Битола 17- годишна битолчанка пријавила дека од страна на нејзиниот дечко била физички нападната при што се здобила со тешки телесни повреди.

Синоќа во 21:15 часот полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода В.Б. од Крива Паланка затоа што физички го нападнал неговиот 65 годишен татко.

Полициски службеници од ОВР Неготино вчера во 15:40 часот го лишиле од слобода В.Л.(42) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава од неговата 19-годишна ќерка дека во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ се заканувал. Според пријавеното, таа и нејзиниот малолетен брат секојдневно трпеле физичко и психичко насилство од него. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител, Центарот за социјални работи Неготино и издадено му е Решение од Основен суд Неготино со изречени мерки за отстранување од домот и забрана за приближување до домот на жртвата во времетаење од 15 дена.

Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите и најавуваат дека по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.