Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Прилози

Пет дена водата во Струга не е безбедна за пиење – полицијата води истрага за каменоломот над изворитев

Здравствено небезбедна, водата во Струга 5 дена е забранета за користење. Матноста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здравствено небезбедна, водата во Струга 5 дена е забранета за користење. Матноста на изворите во Шум што го снабдуваат градот со вода, ја надминува законски дозволената граница дури за десет пати. Жителите од Шум и Заграчани со петиција до надлежните институции, бараат итно запирање на ископувањето и фрлањето динамит од каменоломот над изворите на питка вода во Шум.

„Континуираните активности на каменоломот, особено фрлањето динамит е сериозен ризик за јавното здравје на жителите. Загадената вода претставува директна закана за животот и благосостојбата на граѓаните. Бараме превземање на мерки против одговорните субјекти, доколку се утврдат прекршувања на важечките закони и институционална гаранција дека изворот ќе биде трајно заштитен“.

Директорот на струшки „Водовод“, кој 4 децении работи во претпријатието, најави оставка од морални причини. Тој на своите претходници им укажувал на опасноста од загадување на изворите.

Реклама

„Дека таму се врши ископ и дека може да дојде во ваква последица на заматување на изворите. Има закон за води, во заштитени зони не смее да се врши ископ. Над изворите значи со денационализација се вратени места во кои ние немаме ни пристап. На времето беше тоа заштитено, не остававме ни животно да помине, сега веќе тоа не е така“ – вели Меџаит Јусуфоски, директорот на Ј.П. „Водовод“ – Струга.

Увид на лице место направиле и од Центарот за јавно здравје и констатирале дека изворите не биле воопшто заштитени.

„Каде се заштитените зони да ги видам? Прва, втора, трета, заштитена зона и дали се оградени. Порано биле оградени, но мрежите едноставно ги снемало. Значи тие треба да се оградени заштитните зони и никакви изведби не смеат да се вршат во близина во самите заштитни зони“ – вели Лидија Симоноска – Центар за јавно здравје Охрид

Случајот го чешла и полицијата. ОВР Струга заедно со надлежните институции презема интензивни мерки со цел откривање на причините за загаденоста на водата, како и откривање на сторители на кривични дела. По завршување на сите активности, до надлежното Јавно обвинителство ќе се достави соодветен поднесок – стои во соопштението од полицијата.