Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Пешевска: Наместо сериозна дебата за стратегијата за превенција и заштита од насилство врз жени, опозицијата дебатираше за лични политички поени

Денес, на седницата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес, на седницата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, наместо сериозна и суштинска дебата за Националната стратегија за превенција и заштита од насилство врз жени – тема која бара одговорност, зрелост и фокус, сведочевме на обид за евтин политички перформанс.

Иако колешките од опозицијата ретко учествуваат во работата на ова тело, а често отсуствуваат кога се носат важни одлуки, денес се појавија со очигледна намера да создадат хаос и да ја пренасочат дебатата кон теми што носат лични политички поени, изјави денеска пратеничката Жаклина Пешевска на прес-конференција во Собранието.

Во момент кога зборуваме за заштита на жени од насилство, прашање што допира до реални животи и судбини, ваквото однесување не е само несериозно, туку и длабоко неодговорно.

Реклама

Наместо придонес, добивме блокада.

Наместо решенија, добивме театар.

Барањата што се пласираа на седницата не беа во функција на подобрување на стратегијата, туку во функција на личен ПР.

Ова не е тема за политички маркетинг. Ова е тема што бара работа, посветеност и континуитет, нешто што очигледно изостанува кај оние кои се појавуваат само кога има камери.

Граѓаните очекуваат одговорни претставници, а не актери во дневно-политички претстави.

Време е сериозните теми да престанат да бидат алатка за евтини поени и да станат она што навистина треба да бидат – приоритет за заштита и унапредување на животите на жените.

Жените бараат заштита и заштитата е она што им го должиме, на секој јазик!

Жаклина Пешевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „Твоја Македонија“