Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Перпарим Бајрами се предал на Блаце, спроведен е во затвор

Министерството за внатрешни работи потврди дека утрово, во 5.35 часот, на граничниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи потврди дека утрово, во 5.35 часот, на граничниот премин Блаце сам се пријавил поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница. 

Бајрами, како што информира МВР, е спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“. 

– Денеска (9.9.2026), во 5.35 часот, на ГП Долно Блаце за влез во РСМ се пријави Перпарим Бајрами (33), баран со меѓународна потерница по наредба од ОЈО Скопје бр. XVII KO бр. 4232/24 од 17.12.2024 година. Лицето е лишено од слобода и спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ – информира МВР.

Реклама

Тој заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби е меѓу главните осомничени за злоупотреби направени во „Државна лотарија“. Покрај Груби и Бајрами, во случајот „Државна лотарија“, обвинети се и Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу.

На судењето што почна неделава сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, освен Бајрами, кој беше недостапен на органите за прогон, и обвинетиот Башким Авдиу, кој изјави дека не го разбира обвинението што му се става на товар и побара да му биде доставено писмено на неговиот мајчин, албански јазик.

Обвинението, кое го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, се однесува на дејства преземени во текот на 2023 и 2024 година, со кои обвинетите ги пречекориле службените овластувања и предизвикале штета на „Државната лотарија“ во износ од 596.125.511 денари.