Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Перински во Врање: Нови 5,4 милиони евра за проекти за прекугранична соработка меѓу Србија и Македонија

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска во Врање, Србија, заедно со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска во Врање, Србија, заедно со министерката за Европски интеграции на Република Србија, Тања Мишчевиќ и шефот на Европската делегација во Република Србија, Емануеле Жиофре, го објавија Првиот повик за поднесување на предлог проекти во рамки на ИПА 3 прекуграничната пограма Србија – Македонија 2021-2027. Заинтересираните субјекти ќе можат да аплицираат до 22.октомври и во оваа фаза предвиден е буџет од 5.400.000 евра. За потребите на заинтересираните апликанти и оние кои ќе имаат потреба од логистичка поддршка и помош за пронаоѓање партнери, функционира заеднички технички секретаријат со канцеларија во Лесковац и Куманово.

„Дозволете ми да ги повикам сите заинтересирани страни, кои сакаат да се јават на овој јавен повик, да ја искористат можноста да аплицираат на повикот кој ќе трае до 22.октомври, а за кој е обезбеден буџет од 5.400.000 евра. Како и досегашните програми ИПА 1 и ИПА 2, очекуваме и оваа ИПА 3, да биде навистина успешна, да придонесе во соработката помеѓу двете држави, да го подобри капацитетот на пограничните региони и овозможи подобар и поуспешен и поквалитетен живот на граѓаните од овие области, што практично во основа е и основна цел на оваа програма“, изјави министерот Перински, кој верува дека проектите од оваа програма ќе го унапредат и квалитетот на живот на граѓаните, но и ќе ја продлабочат соработката помеѓу пограничните региони.

Изборот на проекти кои ќе се финансираат, како што напомена министерката Мишчевиќ, ќе го врши соодветна комисија.

Реклама

„Ниту министерот Перински, ниту јас, немаме никаква улога во одлучувањето. За изборот на проектите ќе одлучува соодветна стручна комисија, која прави проценка на проектите, во однос на исполнување на критериумите и слично. Може да бидеме горди од досега спроведената ИПА 2, при што стапката на искористеност е 94 отсто од вториот, односно 98 отсто на реализираност од првиот повик“, истакна министерката Мишчевиќ.

Задоволство од досега реалзиираните програми, изрази и шефот на Европската делегација во Република Србија, Жиофре, кој посочи дека од исклучителна важност се добрососедските односи и соработка помеѓу земјите.

„Меѓудругото, преку реализацијата на оваа програма, таа ќе помогне на локалните заедници во решавање на социјалните проблеми со кои се соочуваат ранливите категории на лица, а друга важна компонента на оваа програма е подобрување на туристичката инфраструктура. Сметам дека овие клучни програми ќе овозможат економски развој и раст во пограничниот регион“, додаде Жиофре, кој посочи дека Европската Унија донира 5.400.000 евра за оваа фаза од ИПА 3.

Посетата на Врање, министерот Перински ја искористи и за работна средба со градоначалникот на Град Врање, Слободан Миленковиќ, а  посети и неколку локации кои веќе имплементираа проекти од ИПА 2 програмата. Заедно со министерката Мишчевиќ ги посетија Секторот за вонреди ситуации при Министерството за внатрешни работи во Врање и јавните претпријатија „Комрад“ и „Водовод“.

Благодарение на проектот „Заеднички интервенции во вонредни ситуации во пограничниот регион Србија и Бугарија“, зајакнати се капацитетите на единиците во Врање и Лесковац, кои сега со набавена опрема имаат можност да реализираат навремена координирана акција помеѓу земјите во регионот.

Комуналното претпријатие „Комрад“ заедно со три комунални претпријатија од Македонија, реализираше проект со кој се мапираа 151 дива депонија, од кои 76 веќе се исчистени, а две локации се претворени во „зелени оази“. Во рамки на проектот, 1.400 лица од партнерските општини се едуцираа во насока на подигнување на еко свесноста, поставени се подземни контејнери за положување отпад, како и канти за одлагање отпад за домаќинствата, со што е подобрената услугата за граѓаните на партнерските општини и создадени се услови за намалување на ризикот по здравјето на луѓето.

Во рамки на посетата на Врање, министерот Перински со министерката Мишчевиќ го посетија и јавното претпријатие „Водовод“, кое реализира проект во чиј фокус е подобрување на капацитетите за управување со вонредни состојби во пограничниот регион, вклучително и подобрување на техничките и човечките ресурси во случаи на кризи, природни катастрофи и вонредни ситуации.