Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Перински ветува подобар живот за сите граѓани преку засилен развој на општините

Eдна милијарда евра буџетски средства – фер распределени пари за сите општини…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Eдна милијарда евра буџетски средства – фер распределени пари за сите општини во еден мандат. Идниот министер за локална самоуправа уште во првите сто дена ќе трансферира 100 милиони евра за општините, ќе им пружи рака на сите градоначалници без оглед на тоа од која партија доаѓаат и ќе ја зголеми соработката со ЗЕЛС. Златко Перински е дециден – преку помош за општините ќе се помогне и на граѓаните. Тоа, може да се направи само преку взаемна соработка и инверстирање во локалниот економски развој.

Mинистерство за локална самоуправа на некој начин беше девастирано, не доаѓаше до израз иако имаше можности и капацитет. Едно од поважните ветувања е трансфер на буџетски средства 250 милиони евра за една година, до крај на годинава 100 милиони евра, 1 милијарда во цел мандат. Соработката на локалните самоуправи не беше на многу високо ниво, она што ќе го направам е, да пружам рака на сите, без разлика кој од која партија доаѓа, да помогнам, да најдам средства, може да користиме и странски фондови, да помогнеме да се реализираат проектите. Оние ветени 250 милиони евра ќе бидат рамномерно распоредени, ќе се внимава да нема фаворизирање на општините, многу е важно да се продлабочи соработката со ЗЕЛС. Сакаме да придонесеме до зголемена децентрализација, согласно законските регулативи да се префрлаат поголем дел од надлежностите на локалние самоуправи, вели Перински.

Перински за себе вели дека е подготвен да се соочи со предизвиците. Очекувањата од граѓаните се големи, но ќе работел напорно за да покаже брзи резултати. Иако многу претходни влади, малку му посветуваа внимание на ова министерство, според него овде постојат широки и огромни можности за развој. Вети дека следи ново поглавје каде приоритет ќе биде одговорноста кон граѓаните, многу работа и нови проекти.

Реклама

Граѓаните сакаат промени, честа е голема но и обврските се огромни. Можам да ветам достапност на сите граѓани, пружам рака за сите градоначалници, кои што сакаат да работат да придонесат за подобар живот на граѓаните поодбра инфраструктура, решавање на нивните секојдневни проблеми, ние може да кажеме се, но ако еден човек дома си оди со валкани чевли зошто неа асфалтирана улица тоа е погубно за една држава и сум сигурен дека тоа ќе го надминеме, додава Перински.

Перински и е познат на јавноста како поранешен директор на скопски Водовод.На оваа функција беше назначен во 2021 година. Претходно, беше шеф на кабинет на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Беше и директор на Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во периодот од 2014 до 2017 година. Магистер по човечки ресурси и долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ. Перински во 2015 година станува член на општинскиот комитет Аеродром и е назначен за потсекретар на ВМРО-ДПМНЕ функција која ја извршува до неговото назначување за член во Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година.