Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Економија

Перински од Петровец: Покрај финансиска, општините добиваат и стручна поддршка

Министерот за локална самоуправа Златко Перински оствари работна посета на Општина Петровец, каде одржа средба со градоначалникот Борче Митевски, членовите на Советот и општинската администрација. На средбата, како што соопштија од Министерството за локална самоуправа, се разговараше за актуелните потреби и предизвици со кои се соочува општината, како и за можностите што ги нуди Ресурсниот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за локална самоуправа Златко Перински оствари работна посета на Општина Петровец, каде одржа средба со градоначалникот Борче Митевски, членовите на Советот и општинската администрација.

На средбата, како што соопштија од Министерството за локална самоуправа, се разговараше за актуелните потреби и предизвици со кои се соочува општината, како и за можностите што ги нуди Ресурсниот центар за поддршка на општините во насока на јакнење на административните капацитети и подобрување на квалитетот на локалните услуги.

Беше отворено и прашањето за ажурирањето на базите на даночни обврзници, како еден од клучните процеси за зголемување на сопствените приходи на општините и обезбедување поодржливо локално финансирање.

Реклама

Посебен акцент беше ставен на алатките и механизмите што им стојат на располагање на општините за поефикасно планирање, управување и реализација на локалните политики и развојни проекти.

-Директната комуникација со општините е најдобриот начин да ги препознаеме реалните потреби и предизвици со кои се соочуваат. Ние направивме и системска проценка на потребите на општините, но и покрај тоа постојано сме вклучени преку директни средби. Редовно сме на терен и работиме заедно со локалните власти на изнаоѓање конкретни решенија. Ресурсниот центар е воспоставен да биде практична поддршка за општините и да им помогне поуспешно да ги извршуваат своите надлежности и да испорачуваат поквалитетни услуги за граѓаните, изјави министерот Перински.

Во рамки на средбата беше разговарано и за тековните и планираните инвестиции во општината. Преку двата јавни повика за финансирање на инфраструктурни проекти, за Општина Петровец се одобрени вкупно седум проекти во вредност од 100.727.775 денари.

Градоначалникот Борче Митевски ја поздрави континуираната поддршка од Министерството за локална самоуправа и ја истакна важноста од постојаната комуникација меѓу централната и локалната власт.

-За општините е од особено значење да имаат институционален партнер кој ги разбира нивните потреби и нуди конкретна поддршка. Проектите што ги реализираме со поддршка на Владата и Министерството придонесуваат за подобрување на инфраструктурата и условите за живот на граѓаните, а Ресурсниот центар отвора дополнителни можности за унапредување на општинските капацитети, истакна Митевски.

Министерството за локална самоуправа продолжува со теренските посети на општините со цел непосредно согледување на локалните потреби и обезбедување навремена поддршка за нивниот развој.