Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Перински на средба со градоначалниците на Валандово и Неготино, во фокусот мерки за подобрување на финансиската одржливост

Тековните состојби, предизвиците и развојните приоритети на општините, финансиската стабилност, инфраструктурните инвестиции…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тековните состојби, предизвиците и развојните приоритети на општините, финансиската стабилност, инфраструктурните инвестиции и зајакнувањето на локалните капацитети се темите на кои денеска разговараше министерот за локална самоуправа, Златко Перински, со градоначалниците на Валандово и Неготино, Ѓоко Камчев и Марија Нацева, во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“. 

Како што информираа од Министерството за локална самоуправа, во Валандово, министерот Перински и градоначалникот Камчев ги разгледале состојбите на локално ниво, при што посебно бил истакнат процесот на ажурирање на базите на даночни обврзници, мерка која треба да доведе до зголемување на сопствените приходи и подобрување на финансиската одржливост.

Преку јавните повици за капитални инвестиции, во општината се реализираат пет проекти со вкупна вредност од 107.038.333 денари. Градоначалникот Камчев посочи дека поддршката од Министерството игра важна улога во локалниот развој и дека со јасна координација и конкретна поддршка може да се обезбеди реален напредок и подобар квалитет на живот. 

Реклама

Во Неготино, средбата на министерот Перински со градоначалничката Марија Нацева и општинската администрација била посветена на развојните приоритети и меѓуопштинската соработка, како и на реализацијата на значајни капитални вложувања.

Општината, како што се наведува во соопштението, работи на два инфраструктурни проекти за реконструкција на тротоари, во вредност од над 4 милиони денари, започнување на проектот „Elder-Care“ преку Интеррег програмата со Грција, вреден 128.249 евра, реализација на 13 проекти поддржани со 200.288.639 денари обезбедени преку јавните повици.

Според градоначалничката Нацева „Elder-Care“ ќе донесе значајни подобрувања во здравствените услуги. Проектот предвидува отварање медицински кабинет за рехабилитација, набавка на опрема, амбулантно возило, ултразвучни и ехо апарати, како и опрема за реанимација.