Реклама

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Прилози

🎥 Перински ги претстави активности за воспоставување ресурсен центар за поддршка на општините

Владата го подготвува теренот за посилни, поодржливи и поквалитетни општини. Министерот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата го подготвува теренот за посилни, поодржливи и поквалитетни општини. Министерот за локална самоуправа Златко Перински ги претстави активностите за формирање ресурсен центар – институционален механизам кој ќе биде долгорочна поддршка за општините за зголемување на ефикаснсота при реализацијата на проектите кои треба да донесат локален развој.

Центарот ќе понуди експертска помош во делот на планирањето на локалниот и регинален развој – финансиското управување на општините, во делот на подготовката на техничката документација за капитални инвестиции и меѓуопштинска соработка, како и во делот на административниот менаџмент.

„Концептот што оваа Влада го нуди се однесува токму на тоа. Систематизирана и институционализирана поддршка во функција на реформа на локалната самоуправа во форма на ресурсен центар за поддршка на општините, една контакт точка која што ќе понуди изводливи и оддржливи решенија за зајакнување на капацитетите на општините“, изјави министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Реклама

Со овој пристап, Министерството најавува дека општините ќе добијат трајна логистика и експертиза – за да можат побрзо и поефикасно да ги реализираат проектите што ќе значат подобар живот за граѓаните. Експертите ќе бидат ангажирани преку јавен повик и во него ќе бидат вклучени сите од научната сфера.

„Значи експерти од областите кои што се тангирани во рамки на законот за локална самоуправа во оние 13 избори на надлежности кои што ги имаат градоначалниците“, изјави министерот за локална самоуправа Златко Перински..

Перински потенцира дека експеертите кои што ќе бидат ангажирани нема да бидат на постојан платен список, туку ќе добиваат надомест по учинок:

„Значи доколку некоја општина ги ангажира ќе си бидат исплатени за таа услуга која ја испорачале“, изјави министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Центарот финаниски веќе е поминат на претпоследната седница на Влада и е започнат со работа. Тој е поддржан од амбасадата на Швајцарија. Во однос на досегашната работа на општините со парите земени од поволниот унгарски кредит, Владата генерално е задоволна од досегашниот учинок.

Перински посочи дека дури 137 проекти од 288 се завршени, 138 се во завршна фаза, остануваат два проекти од првиот јавен повик кои се уште не се со склучен договор со изведувач. Еден од овие два проекти веќе неколку пати ја поништил постапката за избор на изведувач, затоа што не може да најде, а за вториот проект, една од општините ги чека средствата од првиот јавен повик за да може наеднаш да тендерира, за работата да не оди во фази.

Заклучно со 31 август Владата ќе направи и анкета по општините за да види кои од нив во вториот јавен повик ги смениле односно направиле ребаланси на буџетите за да може да склучуваат и отвораат постапки за јавни набавки за обезбедување на изведувачи за проекти.