Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Перински: Доставени се 357 проекти од 80 општини за капитални инвестиции

Дел од парите од унгарскиот кредит се наменети за проекти за подобрување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дел од парите од унгарскиот кредит се наменети за проекти за подобрување на животот на граѓаните на локално ниво. 80 општини поднеле 357 апликации односно проекти. До крајот на месецот се очекува да заврши целокупната процедура и да се знае кои проекти ќе се финансираат од државниот буџет.

„Евалуацијата се очекува да заврши во рок не подолг од 10 дена и врз основа на истата, ресорните министерства треба да изготват предлог одлука кои проекти ќе се финансираат од нивната област и таа предлог одлука да ја достават на усвојување на Владина седница. Очекуваме, до крајот на месецот, да заврши целокупната процедура и да се знае кои проекти ќе се финансираат со државните пари. Како што веќе напоменав и на почетокот, очекувањата се исполнети, а тоа говори за фактот дека оваа Влада направи точна проценка во својата програма и ги детектираше реалните потреби на локалните власти, за подобра иднина на граѓаните. Во оваа прва фаза, општините ќе ги поддржиме со близу 100 милиони евра, а веќе од следната година ќе бидат достапни нови 250 милиони евра, за кога е планиран и нов повик. Ветивме развој на општините, тоа и го остваруваме. Ова е доказ за нашиот партнерскиот однос кон општините, но и кон граѓаните”, рече Златко Перински, министер за локална самоуправа.