Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Перински: Активно се вклучуваме со конкретни активности за решавање на проблемот со аерозагадувањето

„Чиста животна средина и спречување на аерозагадувањето се обврска на секој поединец,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Чиста животна средина и спречување на аерозагадувањето се обврска на секој поединец, но и на секоја институција. Иако Министерството за локална самоуправа нема директни ингеренции во областа на аерозагадувањето, сепак активно се вклучува со конкретни активности таму каде што има можност. Заштитата на животната средина и природата, како и преземањето на мерки за спречувањето на загадувањето на воздухот се утврдени како надлежности на општините согласно Законот за локална самоуправа. Ова значи дека борбата за чист воздух е заедничка обврска и одговорност на сите нивоа на власт“, изјави министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на денешната надзорна расправа во Собранието на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“.

Перински се осврна на Акцискиот план за спроведување на програмата за одржлив локален развој и децентрализација за периодот 2024-2026 година кој предвидува конкретни мерки за справување со аерозагадувањето.

„Во таа насока Акцискиот план за спроведување на програмата за одржлив локален развој и децентрализација за периодот 2024-2026 година предвидува конкретни мерки за справување со аерозагадувањето, препознавајќи ја сериозноста и влијанието на квалитетот на животот“, подвлече Перински и додаде:

Реклама

„Предвидените мерки опфаќаат подобрување на сообраќајните услови за превозни средства кои не предизвикуваат аерозагадување, зајакната соработка меѓу државата и општините, институционални активности, како унапреден мониторинг, засилен инспекциски надзор и подготовка на локални планови за квалитетен воздух. Спроведувањето на овие мерки бара координиран ангажман од повеќе институции, со што темата добива заслужен приоритет во националните развојни политики“, посочи Перински.

Перински истакна дека Министерство за локална самоуправа посредно учествува и во финансирање на активности во областа на животната средина. Тој нагласи дека е потребно да се предлагаат мерки и решенија коишто ќе го подигнат или превенираат проблемот со аерозагадувањето.

„Министерството за локална самоуправа посредно учествува и во финансирање на активности во областа на животната средина. Една од таквите активности е распределбата на средства остварени по основ на надомест на производство на енергија од фосилни горива, согласно Законот за животна средина, членот 187а. Владата на предлог на министерот за локална самоуправа донесува уредба за методологија за распределба на средствата остварени како приход од надоместокот за производство на енергија од фосилни горива. Собраните средства се користат за финансирање на програми и активности за управување со животната средина во однос на влијанието од енергетскиот сектор и тоа во подрачјата на општините сразмерно на приходот остварен од наплатата на овој надомест“, заклучува Перински.