Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Економија

Перински: 1.116 проекти за општините – почнува нов циклус на инвестиции

Повеќе од илјада нови проекти, близу 300 милиони евра инвестиции и ветување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од илјада нови проекти, близу 300 милиони евра инвестиции и ветување за подобар живот во секоја општина. Вака министерот за локална самоуправа, Златко Перински, ги сумираше изминатите две години работа, презентирајќи резултати кои,според него, отвораат ново поглавје за македонските општини…Според податоците кои ги презентираше,преку два јавни повици се одобрени дури 1.116 инфраструктурни проекти вредни 298,7 милиони евра. Инвестиции кои  треба да донесат нови улици, водоводи, канализации, реконструирани училишта и градинки, како и модерни јавни објекти.

Преку програмите за регионален развој се поддржани 185 проекти вредни околу 8 милиони евра, а преку европските фондови се реализираат уште 39 проекти вредни повеќе од 21 милион евра. Перински вели дека Македонија мора да престане да ги лекува последиците и конечно да почне да ги решава причините за проблемите.

„Најважното што го направивме во изминатите две години не се само бројките. Најважното е што го променивме пристапот – од модел во кој се реагираше на проблемите, кон модел кој создава услови тие проблеми да не се повторуваат. Од политика на ад хок решенија кон политика на системски промени. Македонија чекори напред со јасна определба – да не ги менаџираме последиците, туку да ги решаваме причините“, порача Перински.

Реклама

Општините добиваат и нова поддршка.Перински кажа дека за првпат е формиран ресурсен центар кој ќе им помага во работата.Тој најави дека паралелно, се средуваат и даночните бази, процес кој можеби не е највидлив за граѓаните,но според министерот Перински е клучен за иднината на општините.