Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Пендаровски во празно го потроши петгодишниот претседателски мандат, велат од СПМ

Пендаровски бара нов мандат, но не ветува што би правел за државата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пендаровски бара нов мандат, но не ветува што би правел за државата и граѓаните на Македонија, освен спроведувањето на криминалните политки и корупции на СДС и ДУИ.

Како апологет на промашените антимадкедонски политики на СДС и ДУИ, како човек со крајно неконзистентен став и политичар или политикант со рејтинг на статистичка грешка, изразува подготвеност за изборна трка за претседателските избори откако сите конструкции за поширока политичка поддршка му пропаднаа.

Потсетуваме на неговото истрчување со срамната изјава за националните чувства на Делчев, што се должи колку на неедуцираноста, толку и на лесното виткање кичма, сервилноста и инфериорноста на таканаречениот претседател со гума за бришење на македонскиот идентитет и историја.

Реклама

Ќе потсетиме и на неговото манипулирање, отворено лажење и негирање, а потоа непримерено фалење за учеството во договарањето на срамниот “француски предлог”, спротивен на интересите на македонскиот народ.

Овој самонабеден атлантист својата улога ја гледа во уште еден мандат послушништво и слугување на докажаните криминалци од власта во заминување, за што цената би ја плаќале македонските граѓани..

Пендаровски ветува дека со него ќе се прифатат бугарските уцени за промена на Уставот и за натамошната подреденост на Македонија под интересите на туѓи држави. Настапува со веќе виден цинизам и агресија дека тој е најдобар и е пред сите други кандидати, што наликува на шега која изнудува силно смеење, но и потсмев и сожалување.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека од ваков ткн. претседател на граѓаните им е преку глава и тие добро ги оцениле неговата неспособност и превртливост.

Со одлучно изборно против да му помогнеме на Пендаровски да ја оствари својата изјава за иселување од Македонија доколку не е претседател.

– Стево Пендаровски во празно го потроши петгодишниот претседателски мандат, во празни прераскажувања и сплеткарења, непримерени за еден претседателски кабинет, и без видливи резултати за граѓаните и со негативни последици за државата, констатира Социјалистичката партија на Македонија.

-Јавноста многу добро знае за неговиот кабинет како за дувло на интригантство и високо коруптивни скандали од неговите членови. Пендаровски бара нов мандат, но не ветува што би правел за државата и граѓаните на Македонија, освен спроведувањето на криминалните политки и корупции на СДС и ДУИ. Како апологет на промашените антимадкедонски политики на СДС и ДУИ, како човек со крајно неконзистентен став и политичар или политикант со рејтинг на статистичка грешка, изразува подготвеност за изборна трка за претседателските избори откако сите конструкции за поширока политичка поддршка му пропаднаа. Потсетуваме на неговото истрчување со срамната изјава за националните чувства на Делчев, што се должи колку на неедуцираноста, толку и на лесното виткање кичма, сервилноста и инфериорноста на таканаречениот претседател со гума за бришење на македонскиот идентитет и историја. Ќе потсетиме и на неговото манипулирање, отворено лажење и негирање, а потоа непримерено фалење за учеството во договарањето на срамниот “француски предлог”, спротивен на интересите на македонскиот народ. Овој самонабеден атлантист својата улога ја гледа во уште еден мандат послушништво и слугување на докажаните криминалци од власта во заминување, за што цената би ја плаќале македонските граѓани, велат од Социјалистичката партија на Македонија.