Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Пендаровски: Македонија е можна само како демократска и просперитетна држава

Тој истакна дека ако ја добие довербата од граѓаните и во наредните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести
  • Вечерва повторно ја барам довербата од вас граѓаните, затоа што можам да ве погледнам во очи и да ви кажам дека во изминатите пет години зад моето име нема ниту една криминална афера, ниту еден случај на корупција, на провизии или на наместени тендери, порача на вечерашниот централен митинг на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип, кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски.

Тој истакна дека ако ја добие довербата од граѓаните и во наредните пет години ќе продолжи да работи за плата, а не за проценти, ќе продолжи со еднаквиот третман кон сите луѓе независно на кој народ му припаѓаат или за која партија гласаат. Забележа дека дека секогаш ќе ги почитува младите и нивниот успех, а ќе им помага и на понижените да добијат човечки третман, таму каде што живеат.

Пендаровски од Штип истакна дека јасно е оти Македонија е можна само како демократска и просперитетна држава ако ги чува витални и ги одржува живи двата стратешки континуитети: евро-атланските интеграции и меѓу етничките односи.

Посочи дека како национален координатор за НАТО во 2018 година ги водел преговорите за членство во Алијансата, со што како што рече долгорочно е осигуран опстанокот на државата. Пендаровски вели дека ја подржал преговарачката рамка за влез во ЕУ, со којашто не само што се започнати преговорите по 18 години, тука какошто рече на централниот митинг во Штип, договорено е со Брисел македонскиот јазик да биде еден од официјалните јазици на ЕУ.

Реклама
  • Во септември минатата година го потпишавме договорот со Фронтекс, европската агенција која се грижи т.н Шенгенски граници на англиски и на македонски јазик. Поголем доказ од тоа дека ние сме тие која ја штитат македонштината нема, а тие работат против таа кауза, вели Пендаровски.

Забележа дека сегашната опозиција била 11 година на власт и не се памети дека имаат донесено една тешка одлука за државата, а токму преку носење на стратешки одлуки се остваруваат националните интереси, но се губи рејтингот. Пендаровски додаде дека актуелната опозиција и тогаш и денес била заинтересирани само за власт и пари.

Тој нагласи и дека неговата политичка филозофија е против поделбата на луѓето по било која основа, додека опозицијата дели на наши и ваши, патриоти и предавници и затоа подвлече дека на овие избори со масовно гласање граѓаните треба да ја одбијат оваа понуда од опозицијата.

Кандидатот за претседател на СДСМ, Пендаровски вечерва од централниот митинг на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип порача дека по изборите нужно е да се направи целосен ветинг на судиите, обвинителите, но какошто рече и на политичарите. И тоа на сите кои намерно држеа предмети во своите фиоки или не можат да докажат како од плата станале милионери.

– Тие треба да бидат разрешени од функциите и да лежат во затвор, а не да делат правда или да конкурираат за политичка функција. Македонската јавност е сведок дека како Претседател пет години во континуитет јавно ги осудувам грешките на сите коишто ги кршеа законите, вклучувајќи ги и оние кои ме поддржуваа, рече Пендаровски.