Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Пендаровски даде нови 14 дена за вонредна состојба

До 30 мај продолжена вонредната состојба. Владата бараше нови 30 дена, шефот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До 30 мај продолжена вонредната состојба. Владата бараше нови 30 дена, шефот на државата им даде само 14. Доволни биле за да се спроведат економските мерки, како и заокружување на борбата со корона вирусот, но и да се носат нови уредби од страна на владата која во вонредна состојба има и законодавна моќ. Дали уредбите се само за справување со корона вирусот, ќе ценеле Уставен суд и антикорупциска, рече претседателот. Но, и ангажманот на армијата за да дејствува како помош на полицијата била исто причина што пак се одлучил да прогласи вонредна состојба и покрај тоа што пред 10 дена рече дека ќе размисли два пати, дали повторно би застанал сам зад таквата одлука.

-Три пати размислив за овие нови 14 дена. И навистина ова што го чув од претседателот на Комисијата, можам да цитирам и други членови на Советот за безбедност, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев праша дали ќе се продолжи вонредната состојба, зошто јас како врховен командант имам потпишано наредби за ангажман на армијата. Во изминативе два месеци помеѓу 600 и 500 припадници на армијата беа ангажирани во поддршка на полицијата. Ако нема вонредна состојба, ако не продолжуваме сите тие се враќаат во касарни – изјави претседателот Стево Пендаровски.

Но ако се бара да се намалат рестирикциите, како и да се скрати полицискиот час, тогаш зошто на полицијата воопшто би и била потребна помош од армијата, кога обемот на работа ќе им се намали. Од друга страна траењето на полицискиот час не е услов со самата вонредна состојба, а и самиот претседател рече дека му рекол на премиерот Оливер Спасовки рестириктивните мерки за граѓаните и стопанството дека треба да се намалат. Пендаровски тврди дека вонредната стостојба нема врска со изборите, вели дека без меѓународни набљудувачи избори нема да има.  Од Комисијата за заразни болести му посочиле дека изборите се додека не се најде вакцина на корона вирусот, изборите мора да бидат под посебен режим, кај него биле и од ДИК, но тие датумот за избори не го одредуваат, туку тоа е работа на политичарите.

Реклама

-ДИК не може да го решава датумот на избори. Политиката кога ќе реши да има избори, ќе и се каже дали ќе има нова законска уредба на сила меѓутоа тие ќе се прилагодат кон тоа што ќе го побара политиката од нив. Тие одат според законите во оваа ситуација според уредбите со законска сила. Вонредните избори имавме во за жал една сосотјба за претседателските избори и уставните рокови се 40 дена за да се заврши целата работа – рече Пендаровски.

Веќе следната недела, лидерите на политичките партии ќе седнат на маса кај Пендаровски, за да договорат кога ќе се одржат изборите.

Катерина Гетева