Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Пеколна вечер на истокот-пожарите ја зедоа првата жртва и пеплосаа неколку села

Пеколна вечер во источниот дел на државата каде пожарите ја зедоа првата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести
Пеколна вечер во источниот дел на државата каде пожарите ја зедоа првата жртва и пеплосаа неколку села. Настрада повозрасен маж во кумановско Кокошиње кој се задушил во чадот од пожарот кој поради силниот ветар се ширел со голема брзина. Од кумановско кон светиниколско огнената стихија направи пустош во неколку села. Најдраматично беше во Немањици каде изгореа дури четвртина од куќите. Жителите во паника спасуваа што може да се спаси.
Со огнената стихија се справуваат пожарникари од Свети Николе, доброволци, месното население, пожарникари од Штип, Неготино и Кавадарци и Велес.
На терен е присутна и војската, а еден хеликоптер интензивно ги гасеше куќите кои гореа во село Немањици.
Градоначалникот Владев информира дека пожар имало и во светиниколското село Малино и таму биле зафатени куќи, а горело и во правец на селото Богословец.
Инаку цело Овче Поле е зачадено и се гледа чад и пламени јазици на неколку локации во овчеполскиот регион.
Директорт на ЦУК Стојанче Ангелов претходно информираше дека после попладневните часови 12 села во државава биле зафатени од пожарите на отворено. Станува збор за села во светиниколско, кумановско, пробиштипско и штипско.