Реклама

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Македонија

Пецаков и Сиљаноски го отворија Општинскиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ за Охрид и Дебрца

Кандидатите за градоначалници на општините Охрид и Дебрца, Кирил Пецаков и Златко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатите за градоначалници на општините Охрид и Дебрца, Кирил Пецаков и Златко Сиљаноски, вечерва пред симпатизерите и членството на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид го отворија Граѓанскиот штаб за Дебрца и Охрид.

Пецаков како актуелен градоначалник истакна дека општините Охрид и Дебрца природно се тесно поврзани и оттаму предодредени на интензивна соработка ои меѓусебна поддршка.

– Овојпат со победата на локалните избори одиме на победа во секоја општина, Ја комплетираме власта за наредните четири години. Ќе имаме многу што да кажеме и покажеме, дека ја сакаме Македонија, а тоа ќе го покажеме со проекти и дела, со систем што фунционира, рече Пецаков.

Реклама

Тој потсети на изминатите четири години, за се она што е направено во Охрид, со реализирани проекти за кои се зборувало многу поодамна, дури и од пред осамостојувањето.

– После четири години имаме одблокирана општина, завршени процедури за почеток на градба за проекти, дали се тоа плоштади, катна гаража, прочистителната станица во Трпејца, училишта, спортски сали…Во наредниот четиригодишен мандат ќе продолжиме да реализираме капитални инфрастурктурни проекти…Ќе го промениме начинот на кој Охрид сме го перципирале во минатото, рече меѓу другото Пецаков.

Фактот дека општините со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт добиваат сериозна финансиска поддршка од Владата не треба да биде занемарен.

– За само година и пол веќе вторпат добивме средства од Владата и тоа претставува огромна поддршка, уште повеќе за помалите општини како Дебрца…Настрана од таа поддршка, тука е и Бирото за регионален развој и Министерствата со своите повици на кои сериозно ќе треба да поработиме. Имаме тим, имаме знaења, и сето она што недостасува тука сме да излеземе и да си помогнеме како општини, рече тој.

Кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Дебрца, Златко Сиљаноски, рече дека очекува на 19 октомври убедлива победа на изборите, а оваа просторија што заеднички се отвора во Охрид само ја покажува братската поврзаност на двете општини.

– Од тимот на Пецаков очекувам силна поддршка, од кој ние како нова локална власт во Дебрца ќе има што на научиме и што да направиме за Дебрчани, додаде Сиљаноски.