Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Пецаков го препороди Охрид – општината за прв пат е без долгови

Општина Охид повеќе нема нити еден денар долг, актуелната локална власт на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Охид повеќе нема нити еден денар долг, актуелната локална власт на која и тежеа околу 14 милиони евра, успеа да ја спаси и раздолжи општина од долговите во кои со децении тонеше. Градоначалникот Пецаков на почетокот од својот мандат наследи дупка од 22 милиони евра, удавена во долгови Општина Охрид беше блокирана поради недомаќинско работење инаправените двоцифрени милионски долгови изразени во евра,кои од година во година се таложеа.

“Општина Охрид за прв пат после долги години има нула долг по основ на судски извршни решенија и од денес Општина Охрид се вбројува помеѓу малкуте институции во Македонија која нема заостанат долг. При преземањето на раководењето Општината ја затекнавме со вкупен долг од околу 14 милиони евра. Оваа бројка не го вклучува долгот кој општинските јавни прептријатија го имаат.  Веднаш пристапивме кон финансика консолидација и изготвување на план за раздолжување”-рече Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид

Пецаков доблесно, ги спомна напорите кои биле вложувани во минатите десетина години на локалните раководства за раздолжување на општината и 8-те милиони евра кои Владата ги додели на Општина Охрид со единствена намена за раздолжување на градот чиј долг во еден период изнесувал дури 33 милиони евра.

Реклама

 “Актуелното раководство на Општина Охрид во изминатите нешто повеќе од 2 години има самостојно без помош вратено 30% од вкупниот долг кој што го имала Општина Охрид, а притоа не заостанувајќи со реализацијата на инфраструктурните проекти,  инвестициите во повеќе сфери и директната поддршка на граѓаните и здруженијата”-изјави Пецаков

Конечното раздолжување на Општина Охрид значи почеток на нормално фукнционирање на локалната самоуправа, посветената работа вроди со плод во начинот на прибирање на приходите на општината, рече Пецаков. Зголемувањето на приходите од повеќе ставки и домаќинското работење придонесе за враќање на вкупниот милионски долг што го имаше локалната самоуправа. Тој најави раздолжувањето на општинските јавни претпријатија,а многу скоро и одблокирање на сметката на јавното претпријатие “Нискоградба ” кое за две години од своето формирање акумулирало долг од еден милион и 200.000 евра.

Росица Голабоска