Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Пецаков : Депонијата Буково може да се дислоцира за најмногу 4 години

Депонијата Буково на која дневно се одлагаат околи 90 тони ѓубре, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Депонијата Буково на која дневно се одлагаат околи 90 тони ѓубре, а е пренатрупата,претставува еколошка бомба која 2 децении го труе населението од охридско-преспанскиот регион. Во деновите кога таа гори, се чувствува неподнослива миризба и чад. Градоначалникот Пецаков отворено вели дека единствено и долгорочно решение на проблемот е отворање на регионала депонија во Новаци,процес кој ќе трае 4 до 5 години.

 “Ако денеска го формираме регионалното јавно претпријатие тоа не значи дека почнува да функционира во истиот момент, затоа е потребно да се изградат и претоварните станици.Така да сметам дека 2025-та на пролет е вистинско време ние како општини да го почнеме и да го формираме регионалното јавно претпријатие, да го подигнеме и започнеме да го користиме грантот од Светска банка кој е веќе обезбеден за оваа работа и лека полека да се одвиваат работите и приспособувањето на теренот во самата општина Новаци каде што е регионалата депонија  но и прочистителните станици онаму каде се планирани во нашиот регион”-вели Кирил Пецаков

Планот за изградба на регионална депонија во Новаци извесен период беше во застој бидејќи градоналаникот на Новаци не дозволуваше нејзина изградба, доколку државата не изгради обиколница која ќе води до неа.Проектот е готов и може да се почне со изградба на обиколницата,вели Пецаков.Но,дислоцирањето на нестандардните диви депонии како Буково и формирање на регионални не е процес кој се одвива преку ноќ,вели тој.

Реклама

Граѓанските активисти пак не попуштаат,бараат итна дислокација на Буково процес кој требаше да биде завршен уште во 2020-та.

”Депонијата го труе целиот охридски регион како и дел од селските средини во Ресен.Затоа сметаме дека во меѓувреме треба да се воведе систем за селекција на отпад, дали на органски, дали на хартија, стакло, пластика за целата теритирија на општината за во меѓувреме да се најде решение со постепено затворање на депонијата Буково која што за жал веќе претставува голема опасност за охридскиот регион”-вели Ѓоко Зороски-групација “Збогум Буково’’

Градоначалникот Пецаков смирува,депонијата ќе се огради,осветли,ќе се постави видео надзор и ќе се покрие со 4.000 кубици земја. Инаку депонијата се наоѓа во регион богат со подземни води,извори и пасишта кои повеќе не се безбедни.Загадена е почвата и земјоделските земјишта.

Росица Голабоска