Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Пазарниот инспекторат најави засилени контроли на пазарот на ѓубрива

Државниот пазарен инспекторат денеска најави дека  ќе врши засилени инспекциски контроли на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот пазарен инспекторат денеска најави дека  ќе врши засилени инспекциски контроли на пазарот на ѓубрива, во согласност со одлуките на Владата за ублажување на економските последици и заштита на домашното земјоделско производство. 

– ДПИ ќе постапува по сите утврдени неправилности и ќе изрекува соодветни мерки и санкции согласно со законските надлежности. Апелираме до сите економски оператори во големопродажба и малопродажба да постапуваат во согласност со донесените одлуки, со цел обезбедување фер пазарни услови и заштита на интересите на земјоделците и граѓаните. Државниот пазарен инспекторат останува посветен на доследна примена на законите и заштита на економската стабилност, соопшти ДПИ. 

Контролите ќе бидат насочени кон доследна примена на утврдените мерки,  според кои како највисоки цени на залихите во трговијата на големо на неоргански ѓубрива се утврдуваат цените што се применувале во трговијата на големо на 15 април 2026 година намалени за 10 проценти, а се ограничуваат највисоката бруто-профитна маржа во трговијата на големо и мало на неорганските ѓубрива до 5 проценти, а до 10 проценти на органските ѓубрива, органо-минералните ѓубрива, биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почвата.

Реклама

Пазарниот инспекторат потсетува дека дополнително се воведува обврска за континуирано снабдување на пазарот со вештачки ѓубрива. Трговците на мало се должни месечно да обезбедуваат и продаваат најмалку 70 проценти од просечната количина што ја набавиле во 2026 година, додека трговците на големо се обврзуваат да ги снабдуваат трговците на мало со најмалку 70 проценти од просечно продадените количини.

Одлуките на Владата ќе се применуваат заклучно со 31 мај годинава.