Реклама
Македонија

Партиско фамилијарен бизнис: Браќата на Венко Филипче и Зоран Заев здружено си отвориле фирма

Браќата на Венко Филипче и Зоран Заев здружено се трудат да го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Браќата на Венко Филипче и Зоран Заев здружено се трудат да го освојат енергетскиот бизнис во Македонија. Фирмата „Фос имерас“, која што се наоѓа во Дојран, на само 500 метри воздушна линија од границата со Грција, во 2023-та година ја формирале Вице Заев и Никола Филипче, откриваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму потенцирааат дека оваа соларна централа е изградена во најкус можен рок, а сите фази од пренамена на земјиштетп, до одобрение за градба се направени во време кога Зоран Заев и Венко Филипче беа на функции во централната власт.

-Вице Заев и Никола Филипче формираат заедничка фирма под името „Фос имерас“, што преведено од грчки јазик значи „дневна светлина“. Сопственици на „Фос имерас“ се две компании. „Тотал инженеринг“ од Струмица во сопственост на Вице Заев и „Плус нетворк“ од Скопје чиј сопственик е Никола Филипче. Фос имерас на Заеви и Филипче гради 1.5 мегавати соларна централа на атрактивна локација од 23 000м2, на само петстотини метри воздушна линија од границата со Грција, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

Претходно од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека во Петрич, Бугарија се вртат милионите на Заеви и Филипче. Таму актуелниот лидер на СДСМ сакал да ја сокрие од јавноста својата фирма Медикал 420 БГ. Таа е на адреса каде претходно биле регистриани низа фирми на Заеви, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ наместо одговор на овие обвинувања, без да откријат било каква детали решија да го нападнат премиерот Христијан Мицкоски. Негов баџанак имал фирма во Бугарија, сепак засега немало да откриваат повеќе, ќе го чекале Мицкоски да одговори на обвинувањата.

Реклама

-На оваа иста адреса на улица Антон Попов број 57 во Петрич, Бугарија има уште една фирма, Инфинити транспорт група. Раководител и сопственик е Дончо Карастоев, прв братучед на баџанакот на Мицкоски. Ние ги поставивме тие прашања, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да одговорат. Како што кажавме денеска оставаме да одговори Христијан Мицкоски, доколку не одговори во наредните денови ние продолжуваме со сите информации кои што се поврзани со оваа тема денеска, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека опозицијата се служи со невистини и манипулации, со цел да избегнат да одговорат за обвинувањата кои владејачката партија ги објавува со денови. Прашуваат и дали е вистина дека компанија од Македонија, која е блиска до поранешен претседател на СДСМ и премиер на државата исплаќа пари на бугарска фирма, која е во сопственост на поранешен претседател на СДСМ и премиер на државата.

Матеја Петровски