Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Партиите се обвинуваат за тоа кој е виновен за уривањето на дел од куќата на Владо Малески во Струга

Виси спомен куќата на авторот на македонската химна, Владо Малески која речиси…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Виси спомен куќата на авторот на македонската химна, Владо Малески која речиси целосно се сруши при изведување на градежни работи на соседен објект.Старата струшка куќа која од 2016-та година е ставена под заштита на државата како значајно културно наследство претставува опасност, доколку итно не се обезбеди целиот простор.Остатоците од горниот кат се држат само на еден ладилник.

Конечно денеска е затворено градилиштето.Како што може да се види,од старата струшка куќа која поради својата афтентичност е една од најзначајните културни објекти, нема ни спомен.Наѕираат остатоци од ентериерот и вредната етнолошка поставка. Во опасност е и галеријата Коџоман.

Објектот е правен од камен и плит со дрвена кровна конструкција која доколку целосно падне,ќе направи огромни штети и на спомен куќата на Коџоман која е веднаш до куќата на Малески.Тоа се стари куќи градени во низ,затоа по насока на охрискиот Завод и музеј, дел од уметничките слики се остранети. И не се загрижени само заштитарите, туку и сопственците на другите објекти кои граничеле со спорниот објект.

Реклама

 Вака ако остане лошо е, не е во ред затоа што може да напукне или да се случи нешто лошо.Да поминам од тука и да паднам-вели Фатос Бајрами,сосед

Уништувањето на културното наследство на ваков начин, го отвора прашањето дали кога се изведуваат градежни активности непосредно до заштитени објекти  има посебни препораки кои треба да се применуваат?

 Сигурно дека има, познато е,па макар и да не е под заштита и да е индивидуална куќа замислете сега некој да ви ја руши вашата куќа,каква штета е тоа а камоли кога станува збор за еден афтентичен објект од 19 век со такви карактериститки каде поготово во Струга ги има ретко.Се претпоставува дека е грешка на изведувачот,дали е тоаслучајно или намерно ќе си покажат понатамошните истражувања вели Горан Патчев-директор на Завод и музејОхрид

Инаку старата струшка куќа се наоѓа во заштитен комплекс во кој е и спомен домот на Миладиновци како и управата на Струшките вечери на поезијата.

 “Мерки секако дека треба да се превземат и дека одговорност мора да има. Ова е дел од Струга кој што на сите нам многу ни значи и секое заминување на еден ваков објект е навистина штета која што не може да се надомести никако-вели Никола Кукунеш-директор на СВП

Инспекциските служби од Управата за заштита на културно наследство ќе направат увид и проценка на штетите кои се нанеле кога при руешење со багер, се сруши објектот кој беше и симбол на антифашистичката борба, пред која стои бистата на Кузман Јосифовски-Питу.