Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Партијата на пензионери бара мерки против оние кои направиле манипулации со млечните и сувомеснатите производи

Партијата на пензионери изразува сериозна загриженост за сознанијата кои ги изнесе Агенцијата за храна и ветеринарство, а во врска со манипулациите на одреден број на компании за производство на храна во млечниот и сувомесниот сектор, се вели во соопштението од Партијата на пензионери. Во исто време ја потикнуваме Агенцијата за храна и ветеринарство, во најскоро […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Партијата на пензионери изразува сериозна загриженост за сознанијата кои ги изнесе Агенцијата за храна и ветеринарство, а во врска со манипулациите на одреден број на компании за производство на храна во млечниот и сувомесниот сектор, се вели во соопштението од Партијата на пензионери.

Во исто време ја потикнуваме Агенцијата за храна и ветеринарство, во најскоро законско предвидено време официјално да ги соопшти имињата на сите овие компании кои свесно го доведоа во прашање здравјето на граѓаните. Секако загриженоста е уште поголема затоа што потрошувачите не знаат дали сите производи од тие компании сеуште се наоѓаат во продажба.

Партијата на пензионери апелира до сите државни органи одговорни за контрола на сите сегменти на храна и услуги, да преземат најенергични мерки против сите оние што го прекршиле Законот како би ја вратила довербата на потрошувачите, а во тие рамки и на пензионерите како една од најранливите категории на граѓани.

Реклама

Било каков вид на манипулација во сите сектори на општествениот живот на граѓаните на Македонија, остава празнина и место за основана загриженост и сомнение на сите.