Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Партија за движење на Турците: Повторно да се разгледа Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, да се земат предвид и предлозите на малобројните етнички заедници

Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, поднесен до Собранието на Република Северна Македонија, иако декларативно има за цел да обезбеди правична застапеност на сите етнички заедници во државните институции, предизвикува сериозни дилеми како во однос на начинот на неговото подготвување, така и во однос на неговата содржина, се вели во соопштението од Партијата за движење […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, поднесен до Собранието на Република Северна Македонија, иако декларативно има за цел да обезбеди правична застапеност на сите етнички заедници во државните институции, предизвикува сериозни дилеми како во однос на начинот на неговото подготвување, така и во однос на неговата содржина, се вели во соопштението од Партијата за движење на Турците во Македонија.

Пред сè, неприфатливо е што во процесот на изготвување на едно вакво значајно законско решение, мислењата и предлозите на помалубројните етнички заедници не беа соодветно земени предвид. Кога станува збор за закон кој директно го уредува принципот на правична застапеност, исклучувањето на помалубројните етнички заедници од процесот е спротивно на принципите на инклузивност и учество.

Во својата сегашна форма, предлог-законот не нуди појасен и попредвидлив систем од досегашниот. Напротив, предложената методологија не обезбедува конкретни и недвосмислени решенија за спроведување на правичната застапеност, туку отвора простор за бројни нејаснотии. Не е доволно јасно дефинирано на кој начин институциите ќе го применуваат овој принцип и според кои критериуми ќе се оценува неговото спроведување. Ова создава ризик од различни толкувања, селективна примена и нови контроверзии во иднина.

Реклама

Дополнително загрижува и фактот што во механизмите за следење и надзор повторно се занемаруваат помалубројните етнички заедници. Со отсуството на нивно ефективно и директно учество во надзорните процеси, уште еднаш судбината и заштитата на правата на етничките заедници се оставаат во рацете на мнозинството. Вистинската правична застапеност не се сведува само на статистички показатели, туку подразбира еднакво учество и во процесите на одлучување, следење и контрола.

Партијата за движење на Турците (ТХП) и во минатото се залагаше за воспоставување на поправеден, потранспарентен и поодговорен систем на правична застапеност, а таа борба ќе продолжи и понатаму. Нема да дозволиме прашањето за застапеноста да биде предмет на дневнополитички калкулации, да се креира зад затворени врати и да се игнорира волјата на дел од граѓаните и заедниците.

Правичната застапеност не е привилегија што зависи од добрата волја на мнозинството, туку уставно загарантирано право. Затоа, сметаме дека овој предлог-закон треба повторно да се разгледа преку вистински инклузивен процес во кој активно ќе учествуваат и помалубројните етнички заедници. Потребно е методологијата да биде јасна, мерлива и проверлива, а во механизмите за надзор да се обезбеди вистинска застапеност на сите заедници.

Партијата за движење на Турците (ТХП) ќе продолжи да се залага за јавна администрација заснована на еднакви можности, стручност и правичност, во која ниту една заедница нема да биде игнорирана или исклучена.