Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Папаставру: Со проширувањето на Вертикалниот коридор создаваме група земји и пазар на кој може да сметаат странските компании

Имав чест да бидам домаќин на министрите од Србија, Бугарија и Македонија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Имав чест да бидам домаќин на министрите од Србија, Бугарија и Македонија, се гледа како се менува културата, колку бевме разделени од историјата, географијата, а сега сите сфаќаме дека никој сам не може да ја преживее глобалната конкуренција. Сите заедно создаваме група од земји и населенија, создаваме пазар на кој може да сметаат странските компании, посочи министерот за енергетика и животна средина на Грција Ставрос Папаставру во однос на вчерашната квадрилатерална средба.

Во интервју за грчката телевизија „Мега“, Папаставру се осврна и на регионалната соработка по разговорите со неговите колеги од Балканот, посочувајќи дека проширувањето на Вертикалниот коридор со нашата земја и Србија, како што беше договорено вчера, ѝ дава и геополитичка стабилност на Грција.

– Постои договор со Македонија и Србија, така што природниот гас од нашата земја ќе оди во Северна Македонија, а оттаму во Србија. Ова е проект што ќе се заврши за 12 месеци од сега, а првично ќе биде околу една милијарда кубни метри (БЦМ). Ова е проширување на Вертикалниот коридор. Со Бугарија досега имаме два милијарди кубни метри и три БЦМ, што се вкупно пет, а ќе станат три и пет, односно осум и пол БЦМ. Нашата земја за 12 месеци од сега ќе може да извезува и девет БЦМ во Северна Македонија, објасни грчкиот министер за енергетика и животна средина.

Реклама

На покана на Папаставру, со учество на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, министерката за енергетика на Србија Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, заменик-министерот за енергетика на Бугарија Кирил Темелков, заменик-министрите за енергетика на Грција и Србија и раководителите на надлежните оператори на системите за пренос на електрична енергија и природен гас од четирите земји, вчера се одржа квадрилатерален состанок во Атина, прв од ваков тип.

Министрите разговараа за иднината на регионалната енергетска соработка и поврзаност во Југоисточна Европа, истакнувајќи дека регионот треба да има поактивна улога во обликувањето на идната архитектура на европскиот енергетски систем преку подлабока соработка, посилни интерконекции и поголема интеграција на пазарите и ја потврдиле нивната заедничка амбиција да работа во таа насока.