Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Панова: ДУИ денес со гласот против безбеден град покажа дека не ги слуша граѓаните и затоа се во опозиција, а таму треба да останат

„Не сме изненадени од никаква постапка на ДУИ иако беше подадена рака…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Не сме изненадени од никаква постапка на ДУИ иако беше подадена рака од наша страна и сметавме дека опозицијата треба да научи што е интерес на граѓаните и да ги носат одлуките малце полидерски, тие денес покажаа дека токму поради тоа што не ги слушаат граѓаните се во опозиција и таму треба да останат“, истакна пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова за време на гостувањето во една од националните телевизии.

Панова додаде дека од друга страна ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш докажа дека за сите оние проекти кои се во интерес и се поддржани од граѓаните, може да обезбеди двотретинско мнозинство со СДСM или без СДСM, со ДУИ или без ДУИ, што значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги имплементира сите оние проекти ветени пред граѓаните и проекти кои евидентно даваат резултати.

„Најпрвин морам да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ покажа разлика во своето владеење од владеењето на власта на СДСM и ДУИ претходно. Ние подадовме рака и направивме еден простор за да се оствари еден консензус за прашања вакви како безбеден град особено кога знаеме дека истите даваат резултати и граѓаните генерално го поддржуваат ваквиот проект. Меѓутоа еве денес уште еднаш ние се уверивме во тоа дека таа подадена рака не секогаш значи добра намера и од другата страна. Тезите коишто излегоа денес на говорница апсолутно не држат никаков простор за коментар, заради тоа што генерално на истите веќе ние дадовме и одговори“, рече Панова.

Реклама

Пратеничката Панова резимираше дека со имплементацијата на ваквиот проект се зголемува безбедноста на граѓаните, а со самото тоа се намалува и бројот на човечки жртви од сообраќајни несреќи, истовремено потенцирајќи дека доколку се спаси барем еден човечки живот сите треба да бидеме горди. Воедно, Панова додаде дека резултатите од тест периодот од еден месец со имплементација на овој проект впрочем зборуваат дека се бележи тренд во намалувањето на изгубени човечки животи, сообраќајни незгоди како и повреди коишто се резултат на сообраќајни незгоди во градот Скопје, Тетово и Куманово.