Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Панова: Целта на „Безбеден град“ е да имаме што помалку човечки жртви, да запре дивеењето низ улиците и да имаме нормален сообраќај низ градовите

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова за време на гостувањето во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова за време на гостувањето во Алфа телевизија, зборуваше за многу актуелни теми меѓу кои и за проектот „Безбеден град“ кој ќе започне од 1 февруари се со цел да се стави ред и безбедност во сообраќајот, намалување на сообраќајни прекршоци и човечки жртви, посочувајќи дека првично ќе биде воспоставен низ Скопје, Куманово и Тетово, а понатаму и низ цела Македонија, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Безбеден град е еден проект на кој сите треба да бидеме горди, со кој покажуваме дека Европа можеме да ја донесеме дома. Нашата Влада и Панче Тошковски цврсто решени да ги намалАт жртвите коишто ги имаме на македонските улици почнаа длабоко да го работат проектот и еве стигнавме до тоа дека од први февруари влегува во сила овој проект којшто ќе значи поголема безбедност, најпрвин низ улиците на Скопје, Куманово и Тетово а понатаму и низ сите градови во Република Македонија. Морам да потенцирам дека интенцијата за безбедна Македонија е хумана интенција, поентата е да се спасат што можно повеќе човечки животи“, вели Панова.

Пратеничката Панова потенцираше дека проектот Безбеден град уште во тест фазата покажал резултати во однос на намалување на бројот на сообраќајни несреќи и човечки жртви, истакнувајќи дека целта на проектот е воспоставување на ред и нормален сообраќај низ градовите во Македонија.

Реклама

„Овој проект носи резултати, при првите мерења кои се направени или споредбени периоди за разлика од претходната година, дали станува збор за сообраќајни прекршоци или станува збор за човечки жртви или телесни повреди, се многу намалени. Што значи проектот дава резултати уште пред да започне, сите треба да знаат дека целта на Безбеден град е да имаме што помалку човечки жртви, да запре дивеењето низ улиците, да запре возењето на шофери кои немаат возачка дозвола, да запре минување на црвено, да запре непрописно паркирање и самото тоа да придонесе да имаме еден нормален сообраќај низ градовите. Според уверувањата кои ни се дадени од страна и на министерот Тошковски и на целата Влада, ветувањата се дека до  крајот на 2026 година безбедна ќе биде цела Македонија, не само градовите Скопје, Куманово и Тетово“, рече Панова.