Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Паника во судско-обвинителските редови: Најавата за целосен ремонт на правосудството го рестресе кафезот

Судии и обвинители во блага паника од најавените реформи во правосудниот систем.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судии и обвинители во блага паника од најавените реформи во правосудниот систем. Експерти посочуваат дека само со темелни промени ќе се враќа довербата од граѓаните во институциите кои делат правда.

Да се ремонтираат клучните институции во правосудниот систем, судскиот и обвинителскиот совет и Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители со носење на нови закони во Собранието. Во вакви клучни институции мора транспаретноста да е на највисоко ниво и со нив да раководат луѓе со интегритет, вели поранешниот антикорупционер Ѓорги Сламков.

  • Секогаш ќе очекувате реакции од оние кои се чуствуваат загрезени за своите позиции. Меѓутоа, овде не е прашање личното мислење, не станува збор за дали некој е на функција во одреден временски период, суштината е јавниот интерес. А јавниот интерес е владеењето на правото. Од тој аспект секако дека ќе има реакции…“ вели Сламков.

Потребни се судии со интегритет кои ќе овозможат да имаме професионално независно судство – предупредува и поранешната врховна судијка Вера Коцо.

Реклама

Добар дел од правната фела проблемот го лоцира во овие три институции. Побараа темелни реформи се неопходни уште во првите шест месеци по формирањето на владата.

  • „Гледате судскиот совет како рогови во вреќа, обвинителскиот совет па го нема никаде, непрепознатливи се, а тие треба да бидат стожерот, контролор, трета власта да биде.Треба комплет да се преиспита улогата и на судскиот совет и улогата на обвинителскот совет и улогата на академијата на судии, дали таа академија ги оствари очекувањата”, вели професор д-р Борче Давитковски.
  • „Очигледно е дека институциите не функционираат и штом не фукционираат, резултатот е тој  затоа треба да се направат коренити промени и во судство и во обвинителство”вели пензионираниот професор Арсен Јаневски.

Новото парламентарно мнозинство најави реформи во однос на највисоките правосудни институции. Зголемување на критириумите за „истакнатите правници“ кои ги избира Собранието, но и ќе треба да презентираат програма за работа со точно утврдени индикатори за успешност. И партијата на идниот мандатар Мицкоски ќе бара максимална транспарентност во секој постапка и отчетност пред граѓаните.