Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

Паника во Софија: Мицкоски е прв премиер на Македонија што се бори за Македонците во Бугарија, фактите ги презентира и во Брисел

Конечно еден македонски премиер се сети на Македонците во Бугарија. Христијан Мицкоски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Конечно еден македонски премиер се сети на Македонците во Бугарија. Христијан Мицкоски е првиот кој реши да го интернационализира и европеизира ова прашање. Промената на дипломатската плоча по промената на власта, предизвикува паника во Софија. Тамошните аналитичари предупредуваат дека јасниот став на Владата на Македонија не е добра вест за Бугарија, особено потенцирањето на македонските црвени линии дека нема веќе прифаќање на уцени и условувања и дека преговорите во иднина ќе се водат на реципрочна основа.

Според поранешниот пратеник Велизар Енчев ставовите и фактите кои Мицкоски ги претставува пред Европската Унија може да бидат проблематични за нив. Вели за разлика од претходно, прв пат македонските политичари ги ставаат Македонците од пиринскиот дел како тема во Брисел.

-Мицкоски што и кажа на Урсула Фон Дер Лајен? Можете да го прочитате го имаше во нашите медиуми. Дека Бугарија на реципрочна основа што сака запишување на Бугарите во македонскиот Устав, треба да признае македонско малционство во пиринскиот крај, кое што Бугарите го признале во 1947-ма година. За прв пат Македонија го европеизира, го интернационализира прашањето за македонското малцинство во Бугарија, изјави Енчев.

Реклама

За нарушување на правата на Македонците во Бугарија, нашинците таму имаат 13 пресуди од Судот во Стразбур, кои официјална Софија не ги почитува. Енчев вели токму тие пресуди се голема предност за Македонија пред официјален Брисел. Според него дополнителен проблем е што се чекаат уште неколку пресуди кои треба да ги добијат Македонците.

-Ние тврдиме дека во пиринскиот крај има Македонци за кои што имаме доказ, 13 пресуди на судот во Стразбур за ОМО Илинден. Што одговорила Урсула Фон Дер Лајен, молчела, не кажала ништо, значи нема реакција. Меѓудругото, за македонското малцинство имаме не 13 пресуди, уште три се очекуваат. Судот во Стразбур веќе има 15 пресуди, 16 пресуди. И со 16 пресуди што ќе каже Урсула Фон Дер Лајен, вели Енчев.

Премиерот Мицкоски подолг период бара од официјална Софија да имплементира барем една од пресудите кои Македонците од Бугарија ги имаат добиено во Стразбур. Сепак бугарските власти остануваат глуви на ваквите барања.

Матеја Петровски