Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Прилози

Пандов за Алфа: Ова не е удар врз Александар Пандов, ова е удар врз функционер на Владата на Македонија

Црнила, пепел и ѕидови, ова е останато од домот на директорот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Црнила, пепел и ѕидови, ова е останато од домот на директорот на Управата за извршување и санкции. Ден по опожарувањето на семејната куќа на Александар Пандов во скопско Орешани, тој за Алфа вели дека ова е удар на криминалците врз борбата со криминалот и корупцијата и институцијата со која раководи.

-Јас сум 100 посто сигурен дека не е запалена куќата на Александар Пандов, туку е запалена куќата на директорот на Управата за извршување санкции и дека ова не е удар врз Александар Пандов, ова е удар врз функционер кој што е функционер на Владата на Македонија, изјави Пандов.

Соседот го известил дека му изгорела куќата. Веднаш пријавил во полиција, која брзо пристигна на местото на настанот и заедно со дежурен јавен обвинител извршиле увид. Ги очекува инстуциите да кажат дали пожарот е намерно подметнат. Според Пандов ова не е само порака кон него, туку и кон премиерот, министерот за внатрешни работи, како и сите кои конечно сакаат да стават крај на криминалот и корупцијата.

Реклама

-Борбата која што и јас и претседателот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и секој еден кој што е вклучен во борбата против криминалците во Македонија, кој што ги наследивме од претходната власт, ги има силно заболено и дека ова е нивни кукавички, очајнички обид да не повредат мене или функцијата која што ја извршувам, изјави Пандов.

Пандов порачува дека ваквиот потег нема ниту малку да го заплаши, туку само уште повеќе ќе го митивира да продолжи во битката со криминалните структури.

-Удриле на погрешен човек, ова мене само ме прави уште повеќе решен, цврст да продолжам и јас, а верувам дека и претседателот Мицкоски и цела Влада уште посилно да бориме против криминалците кои што за жал се уште ги има во Македонија, а секако дека ги има по македонските затвори, вели Пандов.

Пандов на функцијата директор на Управата за извршување и санкции е назначен во јули лани. Тој повеќепати јавно зборуваше за катстрофалните услови во зтаворите, откри  скандали и злоупотреби кои долги години се случувале во казнено поправните установи.

Матеја Петровски