Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

Пандов: Шутка е како „хотел промаја“, затворениците влегуваат и излегуваат кога сакаат

Кој кога сака влегува, кога сака излегува – истражниот затвор Шутка е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кој кога сака влегува, кога сака излегува – истражниот затвор Шутка е хотел промаја. 4 затвореници во моментов се во бегство. Вонредниот инспекциски надзор на Управата за извршување санкции пред три дена открил дека во отвореното и полуотвореното одделение недостасувале 11 притвореници, по што дел од нив се вратиле зад решетки. Според директорот на Управата Александар Пандов, виновникот за ваквиот хаос е првиот човек на затворот Филип Андов кој ќе добие кривична пријава.

  • И покрај вонредниот надзор, четворица лица од овие 11 што не ги најдовме во затворот, утрово во пет часот не се наоѓаат таму и се во бегство. Во меѓувреме додека го правевме надзорот, десет од тие лица по еден час, два, три часа се враќаа и слободно се движеа околу нас и разговараа со полицајците, рече Пандов додавајќи дека во затворот било како „хотел промаја“ ..

Според Пандов, затворските полицајци се во незавидна ситуација бидејќи затворениците го имаат последниот збор.

  • „Тие се јавуваат на Сокол, вадат телефони пред нас и велат дека им се закануваат, посочуваат ‘директоре ние ви дадовме пари..’. Кога ќе имаме записник ќе го доставиме до Обвинителството. Јас го замолив премиерот Мицкоски, не само Сокол, туку и во најголем дел од затворите, слична е состојбата и тие се хотел промаја. И она што ние мислиме дека е затвор, фактичката состојба не е таква“, додава Пандов.

Пандов најавува кривична за Андов, директорот на Шутка возвраќа: дека ќе го тужи за нарушување на неговиот и угледот на интитуцијата со која раководи. Неточни се обвинувањата тврди првиот човек на затворот, но и тој потврдува дека четворица затвореници не се достапни на органите на прогонот..

Реклама
  • „Ги повикувам институциите да постапат согласно закон, да ги утврдат сите факти и околности, а по извршениот вонреден надзор во петокот, каде што од страна на директорот Пандов се споменува дека не биле присутни 11 лица, а пријавено е само едно, додека другите биле контактирани по телефон да се вратат. Епилогот од таквото нестручно и неправилно однесување на директорот Пандов резултираше со бегство кое се случи во текот на ноќта од страна на четири лица“вели Филип Андов – Директор на Истражниот затвор „Шутка“.

Според Пандов седум години не била направена контрола во истражниот затвор Шутка, а Управата се обидува да дојде до материјалите од видеонадзорот кој се чувале само 30 дена..