Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Пандемијата во полн ек, а СДСМ си тера кампања со примеси на поткуп!?

Пакети храна на големо се дели низ ромското маало во Струмица, налепници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пакети храна на големо се дели низ ромското маало во Струмица, налепници на кутиите слични како хуманитарната помош која ја даваат семејството на поранешниот премиер Зоран Заев. Ова може да се забележи од видеото кое од вчера циркулира на социјалните мрежи. Видеото најпрво го имал постирано активист на СДСМ за неколку минути подоцна истото да биде избришано. Сепак пред материјалот да исчезне од профилот на активистот бил симнат.

Истражните институции за ова видео молчат , од антикорупциска велат за ова одговор треба да се бара кај државната изборна комисија, а не кај нив. Познавачите на правото велат дека ова е класично сценарио на подмитување на гласачи и искористување на епидемијата за партиска промоција и е казниво по закон.

Се повикува јавниот обвинител, да превземе казнено гонење против сторителите на кривичните дела од кривичниот законик од членот 162 и членот 165-а од кривичниот законик. Во членот 162 е уредено прашањето за поткуп при избори и гласање, а во членот 165-а е уредено прашањето за злоупотреба на средствата за изборна кампања. Практично и кривичниот законик, но и изборниот законик содржат одредби кои спречуваат било какво влијание врз избирачите, вели за Алфа, Михајло Маневски – поранешен министер за правда

Реклама

За Маневски алармантно е и што во време на пандемија се дели по луѓето пропаганден материјал,храна, каде луѓе се собираат, не држат дистанца и не се сите со маски.

Го гледаме и техничкиот премиер каде во среде Куманово, група околу него собрана каде што дели флаери, маски. Ова што се прави, во државата во овие два месеци е тортура врз избирачите. Се врши терор за да се присилат, тие да гласаат на наредните избори за СДСМ, вели Маневски.

Вчера по улиците првите луѓе на СДСМ делеа маски, а пак градоначалникот на Бутел заедно со дополнителната министерка за внатрешни работи Петревска делеле подароци по полициските станици, во ек кога се веќе распишани избори. Пред речиси месец и половина семејството Заеви, преку здружението Заедно можеме делеа пакети храна низ Македонија. За дел од експертите тоа е само поткуп под маската на наводната хуманитарна помош.

Познавачите на правото и претходно алармираа дека во време на пандемија се врши легален поткуп преку третиот пакет мерки на владата каде се делат парични средства на социјално ранливите, невработените, студентите, средношколците.

 

Мери Ѓорѓиевска