Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Прилози

Палевски продолжува да го негира двојното убиство: Панче Жежовски не го ни познавал, кога била убиена Вања спиел до осум и пол, па отишол во банка

Панче Жежовски воопшто не го познавал, ниту бил во неговиот дом. Дента…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Панче Жежовски воопшто не го познавал, ниту бил во неговиот дом. Дента кога била убиена малата Вања, спиел до осум и пол, па некаде после 10 часот заминал во банка, криминален ум не би ја убил Вања, туку нејзината мајка Зорица Ѓорчевска. Вака Љупчо Палевски, првообвинетиот за двојното убиство на велешанецот и 14 годишното девојче, се бранеше пред кривичниот суд. На 27 ноември кога беше убиена Вања, Палевски тврди дека откако се разбудил во штабот на Десна, прво го прошетал кучето низ дворот, пиел кафе, читал вести, па со возило фиал добло заминал кон банка. Таму извршил две трансакции, првата во 11 и пол, втората во 11:44, потоа заминал во куќата каде бил роден, па кон бит пазар, каде од банкомат извадил 10.000 денари, по што се вратил во штабот каде имал партиски состаноци. Барем тоа го тврди Палевски за кобниот ден. Доколку сакал да изнуди пари вели жртвата немлао да биде Вања.

-Класичен криминален ум ако е во релација со таткото кој веќе го поседува станот во зградата „Фонтана“ и е законски наследник, криминалниот ум би ја убил Зорица, а не Вања Ѓорчевска затоа што целокупниот имот на тоа семејство, заедно со депозитот од 30.000  евра во банка и новото возило ќе прејдат во владение и 50 проценти сопственост на законскиот старател Александар, кажа Палевски.

Тврди дека не го убил ниту Панче Жежовски, вели воопшто не го ни познавал, а прстот на еден начин го впери кон сообвинетиот Велибор Манев, долги години имале недоразбирања со убиениот велешанец.

Реклама

-Наивните објаснувања на Манев за Жежовски се површни и неточни. Постои повеќе од кавга за бекатон коцки, бидејќи единственото нешто што е одземено од куќата на Панче се токму списите. Во тие списи постои кривична пријава од Панче кон Велибор Манев, поплаки и пријави до МВР и СВР Велес и претставки до Советот на јавни обвинителства до Коле Штериев. Во тие претставки е точно опишано што се случувало. Во претставките до Советот на јавни обвинители Панче тврди дека Велибор Манев е под заштита на ОЈО Велес, кажа Палевски.

Палевски реши да удри и по Обвинителството. Кажа дека се користеле фалсификувани докази. Видеото кое беше објавено во доказната постапка според него било монтирано од повеќе видеа, а на датумот и периодот кој стоел таму, тој бил на бензиска.

-Од самите докази кои ги изведуваше ОЈО, на нивните прашања кои беа поставени кон сообвинетите, имаше големи разлики од доказите презентирани од Обвинителството и нивните изјави. Токму тие докази ние ги споредивме и денеска Љупчо Палевски ја презентира онаа споредба на докази од изјавите на сообвинетите и од она на Обвинителството, изјави адвокатот на Палевски, Јовица Страшевски.

По прашањата на неговиот адвокат Палевски ќе биде испрашуван од обвинителите и судот и доколку заинтересирани и другите обвинети. Тој е последниот кој дава исказ, откако претходно тоа го сторија сите други обвинети.

Матеја Петровски