Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Прилози

Палермо, Сардинија, Виена, Вроцлав, Краков- Македонија единствена која во време на криза отвора нови авиолинии

Палермо на Сицилија, Алгеро на Сардинија. Ова се само две од новите пет авиолинии кои се воведуваат од двата македонски аеродрома. Глобалната криза не ги пореметува плановите на македонската Влада чија стартегија за развој на авио сообраќајот предизвикува вистински бум во понудата. Освен кон двете атрактивни туристички дестинации, од Скопје директно ќе се лета и […]

Сподели:

Палермо на Сицилија, Алгеро на Сардинија. Ова се само две од новите пет авиолинии кои се воведуваат од двата македонски аеродрома. Глобалната криза не ги пореметува плановите на македонската Влада чија стартегија за развој на авио сообраќајот предизвикува вистински бум во понудата. Освен кон двете атрактивни туристички дестинации, од Скопје директно ќе се лета и кон Вроцлав и Краков во Полска. Значајно е што и Охрид директно ќе се поврзе со летови кон Виена.

  • Аустриан ерлајнс почнува да лета редовно Виена- Охрид, што ќе е одлично и заради тоа после конектинг летовите од Виена натака, Визер почнува да лета од Полска, Вроцлав и Краков, исто за Охрид што ќе е одлично за развојот на туризмот, ќе ги донесе полските туристи, а од Скопје имаме две одлични летни дестинации кои што ќе продолжат и после летото, но така се перципираат, едната е Палермо на Сицилија и втората е Алгеро на Сардинија. – изјави Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски.

Во целата стратегија, охрабрува и веста дека не само што нема проблем со керозин, туку и аеродроми од регионот се снабдуваат со авионско гориво од кај нас.

Целосно со керозин го снабдуваме приштинскиот аеродром и делумно нишкиот аеродром. – вели Николоски.

Реклама

Експанзијата на авиосообраќајот од двата македонски аеродроми се случи со промена на стратегијата за поддршка на овој сектор која ја воведе актуелната Влада. За разлика од претходно, поддршката која ја добиваат авиокомпаниите се однесува на превезен патник кон Македонија, што е клучно за развојот на туризмот. Тоа го потврди и статистиката која неколку квартали по ред регистрира раст во оваа дејност. Дополнително и македонските граѓани добиваат можност за патување кон бројни дестинации по многу поволни цени. Во изминатиот период, воспоставени или обновени се дваесет авиолинии.

Ана Минин