Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Прилози

Пајазит Пајазити мора да биде разрешен: Мора да има одговорност за судијата кој дозволи бегство на Блерим Рамадани

Пајазит Пајазити мора да биде разрешен од позицијата судија, поради тоа што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пајазит Пајазити мора да биде разрешен од позицијата судија, поради тоа што дозволи да избега командантот на УЧК Блерим Рамадани, кој што е баран со меѓународна потерница, под сомнение за сторени воени злосторства, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Рамадани не е единствениот случај кој остава дамка зад Пајазити. Кај него постојат неколку одлуки, за кои постои сомнение дека се диктирани директно од партиските штабови на поранешната власт. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека покрај разрешување потребно е да се отвори истрага и за други негови предмети, порачувајќи дека одговорност мора да има.

-Пајазит Пајазити мора да објасни зошто го пуштил Блерим Рамадани во куќен притвор, наместо затворски. Истиот знаел дека Рамадани е лице кое може да се даде во бегство и покрај тоа му овозможил шанса за да избега. Пајазит Пајазити мора да одговара. Одговорност мора да има. За почеток тој треба да биде разрешен, а потоа против него треба да се отвори постапка, за да објасни како во неговите предмети тешки прекршители на законите поминуваат неказнето, со условна осуда или бегаат, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.

Од ВМРО-ДПМНЕ се децидни дека ова само докажува дека се потребни сериозни реформи во правосудството и чистење од сите корумпирани кадри, какви што сега со признание и пресуда се Иџет Мемети, чија оставка од Советот за јавни обвинители чека потврда од Собранието и сега веќе екс врховниот судија Наќе Георгиев. И двајцата се спогодија со Обвинителството, првиот доби условна казна и сега веќе е слободен човек, додека вториот се договори да одлежи 3 години затвор, за дело за кое е предвидена казна до максимални 10 години.

Реклама

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со планот за реформи на новата власт, меѓу кои и распуштањето на Советот на јавни обвинители и Судскиот совет, кај СДСМ и ДУИ постои страв дека правосудството ќе биде исчистено од нивните партиски кадри.

-Разбираме зошто СДС се премногу вознемирени и исплашени за реформите во судството, затоа што тие први ќе се соочат со одговорност за се што правеле. Филипче очигледно се води по матрицата на Заев која кога дојде на власт го зема правосудството под свое па мисли дека така функционираат сите. Еве да му кажеме ако не знаел, ВМРО-ДПМНЕ не планира да го земе правосудството под свое. Туку да го земе од криминалните канџи на СДС и ДУИ и да го врати правосудството во рацете на судиите и обвинителите, изјави Јаревски.

Постојат сериозни сомнежи дека дел од одлуките на Пајазати биле диктирани од некои партиски штабови. Покрај одлуката Блерим Рамадани од затворски да биде пуштен во домашен притвор,Пајазити е судијата кој ја прифати спогодбата на Иџет Мемети кој важи за близок до ДУИ и доби само условна казна.

Тој е и судијата кој претходно реши да не им одреди притвор ниту на групата која упадна во констролната кула на Скопскиот Аеродром во јануари годинава, предводена од високиот функционер на ДУИ, Беким Незири.

За последните две одлуки на овој судија, во однос на Рамадани и Мемети, ќе истражува и Судскиот совет, донесена е одлука да се формира комисија со цел расветлување на целиот случај. Инаку, Пајазити ја извршува и функцијата потпретседател на Кривичниот суд.

Матеја Петровски