Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Падна „наместена“ седмица во Државна лотарија – нов тендер за набавка на апарати тежок 18,8 милиони евра

Падна „наместена“ седмица во Државна лотарија. Нов договор тежок 18,8 милиони евра…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Падна „наместена“ седмица во Државна лотарија. Нов договор тежок 18,8 милиони евра за коцкарски терминали доби странскиот ортак на македонска лотарија. Тендерот по втор пат за шест месеци го доби ХТЛ Македонија, фирма која е во сопственост на австриската Новоматик во Македонија, која е партнер во заедничката фирма НОВО ВЛТ со државните игри на среќа.

Станува збор за Рамковна спогодба на две години. Односно за овој период косопственикот треба да достави над 2 илјади електронски апарати по цена од 8 и пол илјади евра или вкупно 18,8 милиони евра.

Апаратите треба да бидат и со 12-месечна гаранција според одредбите од склучениот договор, а квалитетот и исправноста ќе ја проверува партнерот во новата фирма на државната лотарија – практично договорната страна. 

Реклама

Ова не е прв тендер да „лапне“ косопственикот на Државна лотарија. Лани во декември за набавка за коцкарски апарати Новата Државна Видео Лотарија – НОВО ВЛТ зема 3,7 милиони евра. Тогаш, требаше да испорачаат 462 апарати по слична цена од над 8 илјади евра по уред.

Енормното трошење на Државната лотарија не е новост. Изминативе месеци беа потрошени фантастични суми за набавка на нова опрема. На само два дена по формирањето на техничката Влада во јануари, се потпишаа три договори тешки 11.800.000 евра за набавка на видеолотариски терминали за приредување игри на среќа.

Покрај овие три договори, само во јануари годинава Лотарија потрошила скоро 77 илјади евра за надворешно рекламирање на Џамбо автобуси, а за рекламирање на бновите интернет игри потрошиле 115.122 евра.

Јавноста уште и не добила одговор за наводите дека Државна лотарија го изнајмила деловниот простор од поранешниот ресторан „Фестина“ за  21 илјада евра месечно за објект во скопско Визбегово и тоа за период  од 10 години  или договор тежок 2,6 милиони евра со компанија блиска на ДУИ.