Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Пациентка од Физикална Козле: Медицинскиот персонал беше без опрема, за нас немаше ниту сапун

Како затвореници, две недели не знаевме што се случува – вака пациентка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како затвореници, две недели не знаевме што се случува – вака пациентка која е пуштена дома без тестирање од Центарот за рехабилитација Козле го почнува своето сведочење.

Таа за Алфа раскажува дека медицинскиот персонал бил без заштитна опрема, а за пациентите немало ниту сапун.

„Втората недела вратите ни беа заклучени со синџири, не можевме да излезиме, немавме ни спаун во тоалетот немавме хартија, немавме ништо“, вели пациентот од Институтот за физикална медицина и рехабилитација во Козле.

Реклама

Пациентката вели дека не на сите пациенти им е направен тест за корона. И други кои со денови лежеле таму биле пуштени без тестирање во домашна изолација. Тие можат да бидат потенцијални носители на вирусот и ризик за нивните семејства.

„Не не тестираа за вирусот јас се плашам многу, ама Козле ќе го заборавам за цел живот ќе го оставам на Филипче, тој да си седи во него“, додава пациентката.

Вчера здравствените власти обелоденија дека во Заводот во Козле има 10- тина здравствени работници заразени со Ковид 19, меѓу кои доктор, медицински сестри, физиотерапевти и болничари, кои биле во постојан контакт со пациентите.

Син на еден од пациентите, на фејсбук објави дека неговиот татко бил во контакт со позтивни на ковид 19.

„Откако излезе првиот случај со заболениот пациент, него експресно го пуштија од болницата со цел да не се зарази“, стои во статусот.

Иако татко ми е во домашна изолација, нема никакви симптоми на Корона, во разговор со неговиот физиотерапевт, денес се испоставило дека и физиотерапефтот и болничарот кој што им носел храна на пациентите се заразени од вирусот.

Тој вели дека неговиот татко кој лежел таму 18 дена, бил пуштен без да му направат тест и да бидат сигурни дека се е во ред.

Заводот е затворен и не работи, а како што тврдат здарсвтвените власти се чекаат резултати за 16 пациенти од кои е земен материјал.

Сомнежот дека во оваа болница има заразени со Ковид – 19 се отвори откако пред пет дена кога пациент од Тетово кој таму бил хоспитализиран од 9 до 23 март, со симптоми на вирусот бил пуштен на домашно лекување, а по инсистирање на семејството бил тестиран.

Тој сега е на инфективната Клиника.

Симона Србиноска