Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Свет

Со завој на увото-Трамп се појави за прв пат по неуспешниот обид за атентат и доби овации

Два дена откако беше повреден во обид за атентат, поранешниот американски претседател…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Два дена откако беше повреден во обид за атентат, поранешниот американски претседател и републикански кандидат за претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, се појави на националната конвенција на Републиканската партија во Милвоки, поздравен со громогласен аплауз и овации од неговите приврзаници.

Трамп имаше завој на десното уво, каде што беше застрелан во саботата на митинг во Пенсилванија, а ова беше негово прво појавување во јавноста по атентатот.

Како што влегуваше Доналд Трамп, неговите приврзаници скандираа „САД, САД“, „Борете се, борете се“ и „Го сакаме Трамп со кренати тупаници, алудирајќи на неговата реакција кога беше изведен од бината откако беше застрелан во Пенсилванија!“ .

Трамп застана и ја крена тупаницата во воздух, што го направи и по обидот за атентат.

Тој се појави на конвенцијата неколку часа откако републиканците официјално го номинираа за кандидат на претстојните претседателски избори. Трамп треба да се обрати на конвенцијата во четврток.