Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Свет

„Oва е како фрлање паричка“: Eдна недела до изборите, мртва трка меѓу Харис и Трамп

Камала Харис и Доналд Трамп влегуваат во последната недела од најдраматичната и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Камала Харис и Доналд Трамп влегуваат во последната недела од најдраматичната и најполаризирачка трка за Белата куќа во модерната историја.

И покрај низата уникатни и историски пресврти на овие претседателски избори во САД, предизборните анкети покажуваат дека потпретседателот на Демократската партија и поранешниот републикански претседател уживаат подеднаква поддршка пред изборите на 5 ноември. Двата ривали во неизвесна трка ќе се фокусираат на седум клучни сојузни држави, каде што само неколку илјади гласачи би можеле да одлучат кој ќе управува со светската суперсила.

„Изгледа како фрлање паричка“, изјави професорот по политички науки на Универзитетот во Чикаго, Џон Марк Хансен. Длабоко поделените Соединети Американски држави ќе испишат историја во секој случај: Или со избирање на првата жена претседател или осуден престапник. Изборот ги одразува фундаментално различните визии понудени од Харис, првиот црн потпретседател и милијардерот Трамп. Харис првично се фокусираше на пораки за радост и позитивност откако неочекувано го замени претседателот Џо Бајден на гласачкото ливче во јули, но оттогаш го префрли својот фокус на Трамп како „фашист„ кој ја загрозува демократијата и репродуктивните права на жените.