Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Отворена нова канцеларија за управни работи на МВР во Општина Шуто Оризари

Во Полициското одделение Шуто Оризари денеска беше отворена новата канцеларија за управни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Полициското одделение Шуто Оризари денеска беше отворена новата канцеларија за управни работи на Министерството за внатрешни работи (МВР), со што на повеќе од 25.000 жители на општината им се овозможува полесен пристап до лични документи.

На свеченото отворање присуствуваше помошник министерот за граѓански работи Јован Алтанџиев, кој истакна дека граѓаните на Шуто Оризари отсега ќе можат во рамки на својата општина да поднесуваат барања и да ги подигнуваат личните карти, пасошите и возачките дозволи.

-Досега жителите на Шуто Оризари овие услуги ги добиваа преку полициската станица Бутел или во зградата на МТВ. Од денес натаму тие ќе можат тоа да го прават овде, во својата општина. Ова е континуитет на нашата цел – да ги приближиме услугите на МВР до граѓаните, изјави Алтанџиев.

Реклама

Тој додаде дека МВР паралелно спроведува две фази на подобрување на пристапот до услуги – дигитализација на дел од услугите и отворање нови канцеларии за управни работи во средини каде што тоа е најпотребно според бројот на жители и пристапноста.

Во изминатите 15 месеци, МВР отвори седум нови канцеларии за управни работи во општините Сарај, Липково, Долнени, Демир Капија, Јегуновце, Желино и Жеровјане кое ги опфаќа Брвеница и Боговиње. Со денешното отворање во Шуто Оризари, бројот на вакви канцеларии се зголемува на осум.

Со тоа, Министерството за внатрешни работи опфаќа над 200 000 жители низ државата – односно околу 13 отсто од вкупното население – со цел да се подобри ефикасноста и квалитетот на услугите што им се нудат на граѓаните.

Алтанџиев најави дека во наредниот период се планира отворање нови канцеларии за управни работи и во новите објекти на полициските станици Аеродром и Кисела Вода, со што Министерството продолжува со својата стратегија за подобра достапност и современо функционирање на јавните услуги.