Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Отворен конкурсот за стипендија по моден дизајн „Фросина Кулакова“ за 2026 година

Фондацијата „Фросина Кулакова“, во соработка со Моден институт „Изет Цури“ објави конкурс…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фондацијата „Фросина Кулакова“, во соработка со Моден институт „Изет Цури“ објави конкурс за доделување на стипендија за студии по моден дизајн „Фросина Кулакова“, наменета за млади и талентирани кандидати од Македонија кои имаат интерес и потенцијал да се развиваат во областа на модата.

Заинтересираните можат да аплицираат на конкурсот до 10 јуни 2026 година на полноќ. Сите материјали треба да се доставуваат електронски на адресата [email protected], со назнака „Апликација за стипендија Фросина Кулакова 2026“. Процесот на евалуација ќе се одвива во периодот од 11 до 20 јуни 2026 година, додека добитникот на стипендијата ќе биде објавен на 25 јуни 2026 година.

-Стипендијата обезбедува целосно финансирање на студиите, како и можност за вклучување во активности на Фондацијата, во зависност од потребите и можностите, со што на избраниот кандидат му се овозможува дополнителна практична експозиција и поддршка во професионалниот развој. Целта на програмата е да се поттикне новата генерација модни дизајнери и да се поддржи развојот на креативниот потенцијал во земјата – информираат од Фондацијата „Фросина Кулакова“.

Реклама

Право на аплицирање имаат кандидати со завршено средно образование, државјани на Македонија кои покажуваат јасен интерес и афинитет кон модниот дизајн. Како дел од апликацијата, кандидатите треба да достават моден проект во форма на мини колекција, кој вклучува мудборд со инспирација, колорна и текстилна карта, технички цртежи со преден и заден изглед, како и шест комплетни изгледи претставени преку избоени модни илустрации. Сите визуелни материјали се доставуваат во еден PDF документ, при што насловната страница треба да содржи име и презиме, назив на колекцијата, избрана сезона (есен/зима или пролет/лето) и година.

Дополнително, кандидатите се должни да достават објаснување на концептот во должина до 30 редови, биографија (CV) и мотивациско писмо во Word формат. Од Фондацијата посочуваат дека пристигнатите апликации ќе бидат разгледани од стручна комисија која ќе ги оценува креативноста и оригиналноста, јасноста на концептот, визуелната конзистентност и потенцијалот за понатамошен развој на кандидатите.