Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Откриени низа неправилности: Извршени контроли во угостителски објекти во Тетово и Гостивар, затворени два.

Институциите продолжуваат со засилените контроли на угостителските објекти. Министерството за внатрешни работи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Институциите продолжуваат со засилените контроли на угостителските објекти. Министерството за внатрешни работи денеска објави дека вчера во периодот од 10 до 15 часот биле извршени контроли во Тетово и Гостивар. Контролирани биле 16 угостителски објекти, а два од нив се затворени.

„Полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар, во соработка со претставници од Управата за финансиска полиција, Државниот пазарен инспекторат и Дирекцијата за заштита и спасување, спроведоа акциска контрола. Целта беше сузбивање на недозволени криминални активности во угостителските објекти, со акцент на борба против нелегална трговија со дрога, посредување во проституција, перење пари, корупција и други нелегални дејствија“, се вели во соопштението на МВР.

Во текот на контролните активности, беа откриени низа неправилности во 16 угостителски објекти (10 во Тетово и 6 во Гостивар), а согласно законот, ДПИ и ДЗС ќе поднесат соодветни извештаи. Поради утврдените прекршоци, два угостителски објекти во Тетово беа затворени, информираат од Министерството за внатрешни работи.