Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Свет

Отчукува часовникот за забрана на Тик Ток во САД

Тикток, најпопуларната платформа за социјални медиуми во САД, стана дел од американската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тикток, најпопуларната платформа за социјални медиуми во САД, стана дел од американската култура. Но, нејзината кинеска сопственост и потенцијалниот пристап на Пекинг до сите лични податоци и способноста да го обликува јавното мислење за своите американски корисници го натера Конгресот да го забрани.

Тоа се случи и покрај тоа што главниот извршен директор на Тикток, Шоу Зи Чу, апелираше до американските корисници на неговата платформа да се борат против законодавството.

Со забрана на одложување од страна на Врховниот суд на САД, Бајт Денц, кинеската компанија која е сопственик на Тикток, ќе го изгуби пристапот до својот најголем пазар на 19-ти јануари, вели професорот по право на Универзитетот во Минесота, Алан Розенштајн.

Реклама

„Со претпоставка дека Врховниот суд го поддржува законот, освен ако администрацијата на Трамп не може да најде решение, за што се сомневам дека ќе можат да го направат, изборот е или да го продаде Тикток или да се соочи со забрана во САД“.

И, претседателот Џо Бајден и новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја поддржаа забраната.

Но, Трамп го промени мислењето откако неговите предизборни видеа за време на минатогодишните избори се покажаа како добри на Тикток.

„Ме искачи на топ листата и тоа беше рекорд. Беше толку убаво да се види. И додека гледав, си реков: „Можеби треба да го задржиме уште некое време, изјави Доналд Трамп.

Врховниот суд на САД ќе има можност да ја слушне жалбата на компанијата на социјалните мрежи.

Судиите ќе ги одмерат аргументите за националната безбедност наспроти уставните гаранции за слобода на говор за американската подружница на Бајт Денц и нејзините 170 милиони корисници во САД, објаснува професорот Розенштајн.

„Тоа е една димензија на конфликтот. Но, во друга смисла, тоа е и борба за самата слобода на говор, бидејќи едно нешто што владата го тврди е дека една од опасностите од кинеската сопственост на Тикток е тоа што кинеската влада ќе може да манипулира со алгоритмот и затоа ќе ја искриви говорната средина“.

Канадскиот инвеститор Кевин О’Лири вели дека го информирал новоизбраниот претседател Трамп дека е блиску до договор за купување на американските права на Тикток што ќе го спаси од забрана.

Трамп побара од Врховниот суд да го стави случајот во мирување за да може да преговара за продажба на платформата по неговата втора инаугурација на 20-ти јануари – денот откако забраната ќе стапи на сила.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон